|
|
Се случи ерупција на вулканот.
Сакајќи засекогаш да ја зачуваме нашата љубов, застанавме
пред него и почнавме да се бакнуваме. Сите други киднаа,
но не и ние; сакавме да бидеме скаменети за следните
генерации да можат да нè посетуваат и да видат колку
специјални сме си биле еден на друг. Сепак, вулканот не
беше толку деструктивен колку што сите предвидуваа, па
преживеавме со тешки изгореници. И покрај тоа, луѓето
доаѓаат да нè видат и да се чудат на нашата посветеност.
Бараат да се бакнуваме пред нив. Нè фотографираат, додека
рептилските кратери каде што порано ни беа лицата се
спојуваат во љубов.
претходнадомаследна |