|
|
Колибри е одговорот на моите молитви. Нашите заеднички вечери се исполнети со бакнежи и нежни милувања, но оваа идила секогаш ја уништува телефонскиот повик на некој од нејзините поранешни типови. Со понизен плач ù кажуваат колку многу сè уште ја сакаат и колку болката што ја чувствуваат е неподнослива, болката која понекогаш трае дури и неколку години откако раскинале. Хистерични, ја молат да ги прими назад. Ги слуша учтиво, им кажува да почнат да се дружат заедно и го спушта телефонот. “Таков ќе бидеш и ти еден ден”, мирно преде и ме бакнува толку слатко што речиси ми го крши срцето.
претходнадомаследна |