Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија и сто други раскази
 

23Зборови
 

 

Се вљубив во мигот кога ја видов во кујната на нејзиниот дедо, додека темните кадрици се виткаа околу нејзините португалски раменици. “Сакаш да се напиеш кафе?”, се насмевна. “Навистина не сум толку жеден.” “Што? Што ти рече?” Нејзиниот англиски не беше многу добар. Сега имам седумдесет и три години, а таа само што наполни седумдесет. “Сакаш да се напиеш кафе?”, ме праша денес, насмевнувајќи се. “Навистина не сум толку жеден.” “Што? Што ти рече?” Никој од нас нема талент за учење јазици. По педесет години брак никогаш вистински не сме разговарале, но се сакаме повеќе отколку што зборовите можат да искажат.

 





претходнадомаследна