|
|
Безнадежно сум вљубен во безизразна девојка. Никогаш не кажала или не направила нешто интересно. Поминувам часови обидувајќи се да сфатам зошто толку длабоко сум поврзан за неа. Не можам да го пронајдам одговорот на ова прашање. Нејзината коса е досадна, нејзиното лице е досадно и нејзиното тело е досадно. Секогаш кога ќе се вратам дома и ќе ја пронајдам тупосана на креветот, опкружена со употребени чаши јогурт, срцето ми експлодира и чувствувам вртоглавица, како да лебдам во воздух. Ја земам нејзината безживотна рака, го бакнувам нејзиниот блед образ и ù кажувам: “Кога те правеле им се скршил калапот”. Ретко нешто одговара.
претходнадомаследна |