|
Gottfrid
Helnwein
Постои заблуда
дека кое било човечко лице во кое
било време, помалку или повеќе,
изгледа исто, како лице на некоја
статуа. Всушност, човечкото лице
е менливо од миг до миг како
екран на кој се отсликуваат
слики, однатре и однадвор. Видов
шест слики на иста тема за
помалку од една минута - толку
различни една од друга што тешко
можеше да се препознае дека
станува збор за иста личност.
Сликите и фотографиите на
Готфрид Хелваин ја
проблематизираат оваа заблуда,
покажувајќи ја различноста на
лицата, што секое лице е можно да
ја направи. И со намера да ја
"нападне" основната
заблуда, тој мора да ја потенцира
до претерување, и тоа преку
искривување, со завои и метални
инструменти што го вклештуваат
лицето во невозможен облик.
Сликите на измачување и лудило
ги има во изобилство. А сето тоа е
резултат на исклучителното
искуство и специфичната
перцепција.
Како може еден автопортрет да се
отслика со толку скулптурално
смирено лице, кое всушност е
облеано со сиот ужас што нè
опкружува? Измачувањето,
болеста, стравот и омразата што
станаа секојдневица на она што
Поуп го нарекува "банкет на
животот". Овие ужаси секогаш
говорат од лицата велејќи:
"Ова е тоа што го мислам... и
ова... и ова... и ова... Погледни
подобро и ќе видиш". Не можеш
да му покажеш никому нешто што
веќе не видел, ниту пак можеш
некому да му кажеш нешто што веќе
не го знае.
Функцијата на уметникот е да ги
привикува искуствата на
изненадувачко препознавање: да
му го покаже на гледачот она што
веќе го знае ама не знае дека го
знае. Хелваин е мајстор на
вчудоневидувачкото
препознавање. (Вилјам Бароуз)
Субверзивната
сила, во светлото на културниот
критицизам кој верува дека
светот е на пат да ја заживее
својата реалност на целосна
манипулација и симулација,
промовирани со сите сили од
агендата на моќните медиуми, е
задача што и` припаѓа на
уметноста и што е од клучно
значење. Таа го обликува
човечкиот фактор. Но уметноста
ќе си ја изврши својата задача
единствено ако биде способна да
ја скрши моќта на системите и ако
успее да ја тргне магијата со
која нивните агенди ги раководат
луѓето. |