содржина на новиот број



Летаргичан (песни)
Онион
Макс Такер (раскази)
Стив Ајлет (раскази)
Стивен Шавиро: Злосторот како перформанс
Бланкет: Црвот (стрип)
Анастас Вангели: Будење на македонската
ГРАЃАНСКА свест
Амартја Сен: Идентитет и насилство: илузијата на судбината
Рајко Радовановиќ: Културата (сепак) се исплати!?
Рој Ф. Баумајстер: Има ли нешто добро во врска со мажите?
Лаура Кипнис: Секс
Блу Носес (фотомонтажи)
Рут Гвили (цртежи)

    
 

Првиот број на Маргина излезе во март 1994-та година. Во Македонија дотогаш немаше списание од областа на културата што се занимава со современата култура, со современата уметност, со актуелната теорија, со новите медиуми, со преводи на современа литература.

"Постои (според Фројд) табу на вистината, врз чиишто маргини би требало да може да се пишува." (Дерида) 

Младите автори, особено оние кои негуваат понеконвенционален (и субверзивен спрема анахроните културни стереотипи) израз, до појавата на Маргина, немаа каде да објавуваат. Тоа беа некои од причините зошто го придвиживме списанието. За овие единаесет години се појавија 68 броеви од списанието во 50 книги.

(...) Помеѓу тие две сечива (треба да се биде субверзивен и конструктивен едновремено, или, како што вели Дерида, "одговорно анархичен") Маргина ќе треба да си го најде своето место. (од уредничкиот уводник во Маргина#1)

Маргина најпрвин беше замислена како месечник, но веќе во втората година од излегувањето стана двомесечник, за конечно, поради хроничните финансиски проблеми, да се стабилизира како тромесечник. Доколку дојдат подобри времиња, логичниот од на списанието би требало да го заврти својот круг и Маргина одново да стане месечник (можеби со променет, магазински формат).

(...) Маргина е сè, само не е опортунистико четиво. Ако содржи каква било педагошки употреблива порака тогаш таа гласи: опортунизмот не е нешто што нужно се исплаќа. Само оној што му се спротивставува постигнува вистински успех.
(елементи на самосвест во Маргина#42, Int coop Bastard) 



Основач и главен уредник на списанието од почетокот до сега е Никола Гелевски. Во првата редакција беа: Венка Симовска, Жарко Трајаноски, Горан Абов и Небојша Гелевски. Денешниот редакциски тим се состои од Никола Гелевски, Искра Гешоска, Роберт Алаѓозовски, Владимир Јанковки, Бојан Ивановиќ и Бранко Прља. Во Маргина, како автори и преведувачи, биле (и сè уште се) ангажирани десетици, главно помлади луѓе, чиешто прво појавување во јавноста често оди преку Маргина.
 





















Ovie stranici najdobro se gledaat so IE 4.x ili ponova verzija