Nazad na prva strana

 

МАРГИНА бр.69

БИОЕТИКА

БИОЕТИКА


Не е прв пат во Маргина да се занимаваме со биотехнологијата и биоетиката. Пред неколку години ја пренесовме целата разгранета полемика за генетскиот инженеринг, што ја придвижи текстот на провокативниот Петер Слотердијк. Во 2001 година исто така објавивме темат наречен „Биотехнолошко столетие”, кај што беше поместен и еден поголем текст за Дона Харавеј, чиј преведен текст објавуваме и сега.

Овојпат фокусот, иако не ни е претерано изострен и сосредоточен, сепак е врз нешто друго: животните. Нè интересира проблемот на правата на животните и како биоетички и како историски, всушност како цивилизациски проблем кој допрва со сета своја тежина ќе станува испреплетен со судбината на целиот човечки род.

Дури и на поприземно, политичко ниво, правата на животните стануваат важна агенда во разни светски парламенти. Европската Унија, на пример, има цела развиена законска регулатива која сè поригорозно ги брани правата на животните, не само оние слободните во дивина и животните-галеничиња туку и правата на животните што ги јадеме и што ги користиме во нашите индустрии.

На темава ќе се навратиме и во следните броеви, пред сè затоа што во овој број пишуваме за Питер Сингер, веројатно клучниот поборник на поголемите права за животните, но не донесуваме негови текстови.

Значи, продлабочувањето на темава допрва следи, а овде застапените разнородни текстови служат да го поттикнат првобитниот интерес кај оние читатели за кои темава е сосема нова.
 


Хрвое Јуриќ: Кој е Петер Сингер
Чарлс Патерсон: Тоа се само животни
Дона Харавеј: Кога човекот тм е на менито
Андреас Хофеле: Мечката Сакерсон

 

 [дома]  [on-line архива]  [печатено издание]