nazad na prva strana


 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

МАРГИНА бр.74-75

СОДРЖИНА

Марџан Сатрапи
Пиле полнето со сливи
стрип

Марџан Сатрапи е родена 1969 година во иранскиот град Решт. Мајка & била правнука на персискиот шах, кој владеел од 1848 до 1896, но, како што истакнува Марџан, кралевите од династијата Каџар имале стотици жени и илјадници деца, што значи дека денес веројатно има десет до петнаесет илјади принцови и принцези од таа лоза.
 
...повеќе

Атанас Караџа
Палиндроми

На дваесетина страници објавуваме околу триста палиндромни реченици (исто се читаат и од лево и од десно!), кои во изминатите десет години (1995-2005) ги пишуваше еминентниот македонски “енигматичар”, Атанас Караџа. Ги објавуваме во Маргина оти сметаме дека палиндромите се многу интересен дел од “маниристичката” литература (респектиран и во официјалните истории на литературата), но и зашто мислиме дека палиндромите на Караџа често имаат извонредно поетични и зачудни моменти - она што всушност треба да биде суштина на самата книжевност.
 
...повеќе

Електролит#4
раскази

Марџан Сатрапи е родена 1969 година во иранскиот град Решт. Мајка & била правнука на персискиот шах, кој владеел од 1848 до 1896, но, како што истакнува Марџан, кралевите од династијата Каџар имале стотици жени и илјадници деца, што значи дека денес веројатно има десет до петнаесет илјади принцови и принцези од таа лоза.
 
...повеќе

Транзициска правда
теорија
 

 

Во следните три Маргини ќе објавиме повеќе блокови на општествени теми релевантни за Балканот и Југоисточна Европа. Тие се наш влог во повикот на Next Page фондацијата од Софија, во рамките на нивната програмска линија Истокот го преведува Истокот. Идејата е да се унапреди теориско-интелектуалната размена, да се промовира дискурс којшто ги рефлектира културните промени, новите општествени и политички тенденции, и со тоа да го поттикне развојот на целиот регион. Потпирајќи се на сопствените заложби за регионална соработка, што веќе деценија и пол ги трубиме во заспаната интелектуална средина, конципиравме шест темати (Род и војна, Вера и држава, Имагоманија, Интеркултурни преводи и сл.) преку кои ги презентираме најважните денешни мислители од регионот (Славој Жижек, Александар Ќосев, Обрад Савиќ, Уго Влаисављевиќ, Рада Ивековиќ и др.).
 
...повеќе

Микаел Ниеми
Поп музика од витула

проза
(извадок)

Шеесетите години и напредокот пристигнува во најоддалеченото парче на светот, местото Пајала на северот од Шведска: улиците се асфалтираат, семејствата ги купуваат првите автомобили... и се појавува првата рок плоча на Битлси.
А потоа веќе ништо не е како порано...
Забавен, смешен и духовит роман раскажан од перспектива на момчињата за кои првите плочи на Елвис Присли и Битлси имаат поголема општествена вредност од првото сексуално искуство...
Проза во која со многу фантазија и поетичност се прикажуваат необични ликови поставени во уште понеобични животни ситуации.
 
...повеќе

Луј Фердинан Селин
Семелвајс

проза
(извадок)

Големото книжевно дело на најлудиот писател на минатиот век всушност започна со текстот Семелвајс, кој не беше само докторска дисертација на Селин туку и биографија длабоко поврзана со сите дилеми, недоразбирања и несреќи кои допрва ќе треба да му се случат на најоспоруваниот француски гениј...
Лекарот Семелвајс, откривачот на антисептичните постапки во медицината, умира неразбран во светот на науката, додека Селин, неговиот брат по несреќа, во светот на литературата останува веројатно најголемиот проколнат писател на 20 век. Овие две личности изгубени во ноќта на светот, две крајности на истото, судбини се на трагедијата на времето или самите се трагедии во времето, секоја величествена и поучна на свој начин.
 
...повеќе

Лидија Димковска
Балада за бегалците на тетка Елзе

поезија
(извадок)

Во оваа Маргина и малку поезија!
Ја објавуваме поемата “Балада за бегалците на тетка Елзе”, од Лидија Димковска.
Урбаниот сензибилитет, поетскиот говор кој најчесто се доближува до прозното кажување, вкусот за необични слики произлезени од урбаниот пејзаж, духовитите пресврти, автоиронијата и сувереното користење и допишување на веќе постоечките поетски парадигми се карактеристиките кои ја обележуваат поезијата на авторката која хибридно живеејќи “на границата” од три различни култури, македонската, словенечката и романската, успева да создаде сирова и жестока поезија...
 
...повеќе

 
За авторите на графичките прилози во оваа Маргина Марко Корона, Рене Френч и Влатко Секуловски.
 
...повеќе
 

Бобан Стојчевски
Aфоризми
40-тина афоризми...
 
...повеќе