|
Мора ли
преводливоста или непреводливоста на два термини неизбежно
да се согледуваат како дијаметрално спротивни? Дали не
постои средишен, или надвор од центарот, начин да се
пристапи кон оваа дихотомија?
Претходната можност, не помалку од подоцнежната, мора да има
врска со овој несовладлив пар (тандем). Но, ајде за миг да
помислиме на преводот како основен услов, или подобро како
услов како таков – не на некое место, туку на
исконски чекор; не основен, ниту неизбежен, туку нешто што
ни претходи како јазикот во кој сме родени без да го
избереме тоа. Не верувам дека два јазици, или две култури,
се взаемно непреводливи. Но, исто така не би сакал да
инсистирам на постоење на каква било дихотомија меѓу нив.
Сепак, проблемите на преводот и неговите недостатоци се
јасни. Дали тие не ја делат нецелосноста на јазикот – на
секој јазик – и недоволноста на човечките суштества како
такви, заедно со недоволноста на секоја институција?
Преводот, во оваа смисла, е витална форма на отпор (преку
диференцирање на критичкиот израз на разликите) кон
хегемонските линии на наметнување на значењето, како и можно
средство за моќ (но, исто така и нејзина спротивност). Тука
се појавува цело поле на степени, нијанси, несогласувања;
цела низа на (не)можности за доаѓање до значењето преку
странични патеки. Ова е причината поради која секој превод е
несовршен и нецелосен – но истото нешто не може ли да се
каже за секој “оригинал”? Со други зборови, секогаш останува
нешто непреведено. Тоа е цената и резервата на разбирањето и
преводот, кој е можен во теорија но секогаш повеќе или
помалку е изневерен во пракса. Она што за мене е
проблематично е тврдењето дека постои нешто како
непреводливост, или всушност преводливост, по дефиниција,
како еден вид неизбежност. Границите на она што може да биде
искажано можат да се променат. И фактот што неразбирањето на
преводливото и непреводливото, и навистина неспособноста да
се замисли едното без другото, обезбедува влез во “средниот
пат” што го спомнав погоре, а исто така можноста од одење
подалеку од барање дихотомија како конечен хоризонт или
блокада. Помеѓу двата термини, два јазици или две култури,
секогаш постои можност за релативно успешен превод –
недоволен но сè уште нуди надеж за нешто подобро од делумно
отворање на вратата на значењето. Преводот не е ништо повеќе
од отворање на значењето, и тој никогаш не ветува исцрпност.
А сепак не може да се зборува за идентичност меѓу два
термини, јазици или култури, дури и во случај на успешен
превод. Но, можеби тоа е цената на успехот, несовршен (и
затоа сè уште неопходност) каков што може да биде.
Независно од
тоа, преводот е усложнет од околностите, и особено од
контекстот, како и од односот меѓу двете нешта што треба да
бидат преведени, однос кој нужно е релација на нееднаквост
во смисла на тоа дека едното нешто е преведено во идиомот на
другото, при што така се создава типична ситуација на
разлика.
Во оваа ситуација останува нешто неискажано, или
повторно постои остаток на нешто што нема јазик; што повеќе
или помалку е исто како да се каже дека има нешто
неслушнато. Основната нееднаквост, која веќе е
политичка, сепак може да биде отежната од историските
околности кои секогаш создаваат односи на доминација. После
Фуко, но исто така и како резултат на работата на
антрополозите и психолозите, знаеме дека во крајната анализа
тоа е прашање на телото. И постојат други пристапи од
други дисциплини, или независно од некоја дисциплина, како
феминистичката теорија, постколонијалните студии итн., кои
ни кажуваат дека она што не може да биде изразено или
разбрано со конвенционалниот јазик исто така доаѓа од
другото, од субалтерното, од непосредното искуство на
репресија, од ограничување кое и самото е телесно.
Од сето ова
произлегува идејата дека преводот вклучува тела; и ова е
смислата, и проширена и ограничена, во која го користам
тука. Примерот за пресадување на
орган/наметнување-на-друго-дело во оваа насока би бил не
повеќе од екстремно драматичен индивудуален случај. И во
оваа “примарна” смисла ќе ја изнесам темата на политиката
на преводот, преку нашата положба на (женски)
посредници, и преведувачки и преведени, иако без можност да
ги собориме основните прашања на поопштите политички
околности на преводот/наметнувањето. Исто така ќе ја
искористам можноста да проектирам друга вежба од
посредништво, над и по она што сега беше поставено, имено
она што може да го заземе просторот меѓу Жан-Лик Нанси и
некои концепции што можат да се најдат во индиската
филозофија. Она што ќе биде преведено не се текстовите, туку
контекстите. И она што ме охрабрува да го направам тоа е
кризата, во примерите што подолу се дадени (Нанси),
критичната ситуација во која телото се наоѓа; поради телото,
кое самото е поставено под знак прашање, напред кон
преводот, или трансформацијата, како единствен пат за излез.
Очигледно (над сè) кризата е таа што нè поставува во
состојба на превод и нè отвора кон ново значење. На друго
ниво, Вина Дас, зборувајќи за аналогни ситуации, го користи
терминот “критични настани”.
Застрашувачки
пречки
Ниедна од двете
екстремни позиции – да се каже дека јазиците или културите
можат да бидат преведени, или дека не можат, не изгледаат
можни. Искуството нè учи дека преводот секогаш се случува и
дека секогаш е незадоволителен. Чувството на несовршеност
или нецелосност што е последица на секој обид за превод не
се ограничува само на ова искуство. Уште подлабоко, тоа ги
карактеризира човечките услови, егзистенцијалниот парадокс
на истоврменото постоење како смртници и предодреденоста за
бесмртност. Ниту еден јазик, ниту еден превод, ниту една
“интерпретација” не може во целост да го изрази ова. Нашите
услови, нашето потекло, нашата конечна состојба не се
сместени ниту во термини што би можеле да бидат преведени
ниту како резултат на преводот, туку во ова неподносливо,
нетолерантно, внатре-, помеѓу-две кои ние без разлика
на тоа ги толерираме. Тоа е парадоксот на имање тело и
немање можност да бидеме сведени за него, но и без
способност да се живее или мисли без него. Точно е тоа дека
овој услов би требало да се промени кога ние (но, кој е тоа
“ние”?) доаѓаме до точка кога размислуваме без телата,
и можно е ние (?) да се доближуваме до таа точка. Но, нема
да спекулирам за идеалниот идентитет меѓу себноста и јас,
чија волја и ефекти на насилство ги разгледував во друг
текст.
Преводот (животот?) се случува во оваа безусловеност, во
овој императив на живнатото тело.
Како такво тоа не е нешто повеќе од врска, не е ништо
само по себе; празнотија. Никогаш не е “само” прашање на
телото, туку и на начинот на кој тоа ги обвиткува условите
на суштествувањето (без, но исто така и со, органи; со
анатомија или без неа), и реципрочно, но не симетрично, на
начинот на кој призмата на физичкото, општественото и
историското го прекршува телото. Во оваа смисла, ние секогаш
ќе бидеме калем на себеси како другост. А калемите можат да
се прилепат на други, на тој начин усложнувајќи ги нештата,
како што Жан-Лик Нанси покажува во L’Intrus.
Живнатата телесност не е единствениот услов за превод,
но таа преводот го прави нужност: нема поинаква ситуација од
преводот; нема чиста состојба која сè уште не е преведена.
Дури и целосното неразбирање го покажува ова. Да се замисли
држава (или јазик, или цивилизација) пред секаков вид
превод би било исто како да се замисли тело без душа, чиста
природа, или биолошки пол целосно раграничен од родот,
надвор од секој вид замислување. Тоа би значело паѓање во
дихотомија од типот природа-култура, пол-род, женско-машко,
субјект-објект, надворешно-внатрешно. Тоа исто така значи
замислување дека, во парот, двата термини би можеле да бидат
еднакви, симетрични и без никаква имплицитна хиерархија.
Културата пред и над сè е прашање на превод, дури и во рамки
на истиот јазик.
На преводот му
претходат многу искуства на размислување и многу
застрашувачки пречки. Најтешко е да не се преведува од
внатрешното кон надворешното, со други зборови некој да се
изложи на другите – да се стигне од застрашувачката
димензија до јавната димензија? А, нели особина на
хегемонистичката сила е да бара за себе да ги зачува шифрите
на ексклузивниот превод и на интерпретацијата? Може да се
даде примерот со западната волја за моќ (за повеќе и повеќе
моќ, желбата на Соединетите Држави), но и секој друг обид со
сила да се наметне единствено значење (сите тоталитаризми,
сите фундаментализми); тоа би значело сопирање на
преводот и преместување, како и згуснување на времето: а ова
веќе е насилство.
Понатаму,
отворањето на значењето (значењата) преку превод
несомнено ги намалува можностите за вакви сопирања. Исто
така постигнува зголемување на времениот карактер на нештата
и нивна декомпресија. Времето нужно треба да биде преведено,
како и самиот живот. Моменталноста, како засеците во
времето, постигнува соодветен скок напред во значењето или,
многу едноставно, форма на насилство и нејзина
реконфигурација. Времето на преводот е квалитет како и
врската која будизмот ја нарекува “avidjâ”, со други
зборови недостаток од знаење, и тоа претставува ограничување
на јазикот. Во “чинот” на преведување, од друга страна, како
и во секоја друга врска, се почнува од директното знаење и
без конкретен објект.
Во овој дух е уникатното време, запреното време, ги
прекинува можностите и изборот на настаните, како и
отстранување на алтернативните истории (заедно со
алтернативните читања и преводи), снижувајќи ги на ниво на
веќе примената историја.
Да се внесат
други значења преку преводот може да вклучи, како и во
љубовта, посакувањето и сексуалноста, поставување на себеси
во преводот (и поставување под знак прашање); спарување и
трансформирање на себеси. Ако ова се случи, за преводот би
можеле да го кажеме она што Жан-Лик Нанси го вели за
(сексуалната) врска: “Нема врска во која се смета или
пресметува вишокот: не затоа што има некакво бескрајно
излевање на вишок чувства (кое би имало тенденција да се
смири во океанска, соединувачка форма на ентропија), туку
бидејќи вишокот едноставно, ограничено и прецизно, влегува
во себе како разлика; со други зборови, се случува пристап
до нешто што не може да биде предизвикано или докажано
како такво освен ако неговото “како такво” се изложува
како нешто што никогаш не е такво (што би било
имплицирано од идејата за вреднување, мерење или консумирање
на врската). Во врската како врска, нема ништо.”
|