nazad na prva strana


 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

МАРГИНА бр.78

СОДРЖИНА

Дуња Јанковиќ
Приказна за едно девојче кое не знаеше да пронајде излез од ситуацијата!

стрип

Соња Лихт и Слободан Дракулиќ
Кога зборот миротворец значеше жена: војната и родот во поранешна Југославија

Жените имаа значајна улога во рамки на анти-воените движења и пацифистичките кругови низ историјата, дури и кога војните на кои им се спротивставуваа во голема мера беа сметани за свети, како на пример во Средниот век. Поблиску до нашево време, постоеше големо присуство на жените во пацифистичките и анти-воените движења на 19 и на 20 век. Конечно, значајната доминација на жените во мировните движења на различните страни вклучени во југословенската војна – во Белград, Загреб и Сараево – беше една од позабележливите карактеристки на овој конфликт.

 
...повеќе

Александар Ќосев
Мрачна интимност: мапи, идентитети, чинови на идентификација

Она што на одредницата “Балкан” & е заедничко со другите клишеа е своевидниот автоматски есенцијализам – тоа е географски метоним кој претпоставува постоење на негеографски референт. Во политичките расправи, новински текстови и секојдневни разговори, ова е очигледна, неоспорна претпоставка: употребата на името укажува дека Балканот постои како регион со одреден идентитет воспоставен со помош на одреден број заеднички крактеристики. Би можело да се постави прашањето кои се овие релевантни обележја – дали се историски, културни, политички – и ова би можела да биде една можна “политика на доведување во прашање”. Таа, за жал, ги дели претпоставките на клишеата.

 
...повеќе

Славој Жижек
Можностите за радикална политика денес
 

Денес, во време на последователни брзи промени, мислата е, повеќе од кога и да е, изложена на искушението да “изгуби осет”, претпазливо напуштајќи ги старите поимски координати. Медиумите н$ бомбарадираат со потребата од напуштање на “старите парадигми”: за да преживееме, мораме да ги промениме повеќето фундаментални претстави за личниот идентитет, општеството, животната околина и сл. Мудроста на Њу Ејџ движењето тврди дека влегуваме во нова “постхумана” ера; психоаналитичарите брзаат да признаат дека едиповската матрица на социјализација повеќе не е оперативна, дека живееме во времиња на универзализирана перверзија, дека нашево слободоумно време нема корист од концептот за “потиснување”; постмодерната политичка мисла ни кажува дека влегуваме во постиндустриско општество, во кое старите категории за труд, колективност, класи итн., се теориски зомбија, кои повеќе не се применливи на динамиката на модернизацијата...

 
...повеќе

Ненад Мишевиќ
Фармерки под муслиманскиот превез: зошто ни е потребен интеркултурен превод?

Веќе подолго време европските земји се соочуваат со прашањето како да ги третираат своите културни малцинства. Последните настани во Франција и Германија ја истакнаа важноста за подобро разбирање меѓу муслиманските заедници и француското мнозинство, како и за прашањето за политичкиот и граѓанскиот статус на културните разлики.

 ...повеќе

Рада Ивековиќ
За постојаниот превод (ние сме во превод)
 

Мора ли преводливоста или непреводливоста на два термини неизбежно да се согледуваат како дијаметрално спротивни? Дали не постои средишен, или надвор од центарот, начин да се пристапи кон оваа дихотомија? Претходната можност, не помалку од подоцнежната, мора да има врска со овој несовладлив пар (тандем). Но, ајде за миг да помислиме на преводот како основен услов, или подобро како услов како таков – не на некое место, туку на исконски чекор; не основен, ниту неизбежен, туку нешто што ни претходи како јазикот во кој сме родени без да го избереме тоа. Не верувам дека два јазици, или две култури, се взаемно непреводливи. Но, исто така не би сакал да инсистирам на постоење на каква било дихотомија меѓу нив.

...повеќе

Cristopher Silas Neal
цртежи