назад

Учесници
Бранимир Стојковиќ 
(СР Југославија) 
Борис Буден
(Хрватска/Австрија)
Красимир Канев
(Бугарија)
Антоанела Петковска, Љупчо Печијарески, Илир Ајдини, Маја Бојаџиевска
(Македонија)
Сањин Драгојевиќ
(Хрватска)
Кица Колбе
(Македонија / Германија)

специјални гости:
ШКАРТ

moderator: 
Nikola Gelevski
Project coordinator:
Iskra Gesoska
organization team:
Nebojsa Vilic, Igor Angelkov, Tanja Frkovic
design: 
Nebojsa Gelevski/KOMA
Translation in English:
Sase Tasev

 

Симпозиум /
Културен идентитет 
Разлика во себе

каде ?
Културна локација МЕСТО; галерија СТЕПЕН
(Јосиф Јосифовски 38)


У в о д

Република Македонија веројатно е едно од поинтересните места каде што во моментов може да се разговара на тема "Културниот идентитет". Не само што културно и етнички земјата изгледа прилично шаренолико, туку и во историска смисла македонскиот национален идентитет (како важен дел од овдешните културни идентитети) се` уште предизвикува контроверзни реакции во некои од соседните земји.
Да не зборуваме дека сите тревожни случувања последниве месеци во земјава, дури и непосредната закана од војна, дополнително придонесуваат да се разговара за темата која, меѓу другото, генерира и конфликти: борбата за артикулирање на сопствениот идентитет во напнати социјални, општествени, историски или географски околности понекогаш значи и борба наспроти нечии други сфаќања за сопствениот идентитет. Таквото негативно и милитаристичко "себе-идентифицирање" токму & се заканува на нашата земја.
Но, и вон геополитичкиот или историскиот аспект на прашањето за културниот идентитет, оваа тема последниве години зазема значајно место во разни хуманистички дисциплини; најнапред во социологијата и филозофијата, но и во психологијата, културната политика итн.
Оттаму мислевме дека и времето и просторот и потребите на нашата средина соодветствуваат за на дневен ред да се постави темата "Културниот идентитет".
Во каков однос стојат културниот и националниот идентитет? Дали културниот идентитет му претходи на националниот идентитет? Дали е дел од него? Или можеби културниот идентитет е повисока категорија од етничкиот или верскиот идентитет? Која е врската помеѓу идентитетот и самопретставувањето? Дали културниот идентитет со себе повлекува и културни права? Дали насилството создава и уништува идентитети? Дали идентитетот е фиксирана или менлива категорија? Дали прашањето на културниот идентитет е социолошко, психолошко, филозофско, национално или лично прашање? Дали на сите нам, особено во регионов, ни претстои радикално редефинирање на културните идентитети, во светлина на процесите на глобализација и мултикултурализам?
На дел од овие прашања ќе се обиде да одговори симпозиумот "Културниот идентитет - разлика во себе". На симпозиумот учествуваат десетина луѓе со различни професии (социолози, филозофи, писатели...) и од различни земји од балканскиот регион. Организатор на симпозиумот е списанието "Маргина", а собирот е дел од поширокиот проект кој се вика "Ширење на маргините" и чијашто цел е развивањето на децентралистичките тенденции во земјава.

Никола Гелевски

програма

 

30.03.01
20.00 часот

ШКАРТ, мултимедијална презентација
Твое гомно - твоја одговорност
Стратегија на мали чекори
- алергија на лоши одлуки

31.03.01
15.00 часот

I дел од симпозиумот
Бранимир Стојковиќ, Сањин Драгоевиќ, Маја Бојаџиевска, Антоанела Петковска, Илир Ајдини

II дел, 18.00
Красимир Канев, Љупчо Печијарески, Кица Б. Колбе, Борис Буден

 
home