|
 |
|
Љубомир Фрчкоски Преговарање во конфликти на идентитети Нема да се згреши ако се каже дека професорот Љубомир Д. Фрчкоски (1957) е веројатно македонскиот највлијателен интелектуалец. Ја посредуваше со свое учество целината на македонската независност. Го напиша првиот македонски устав од 1991 година и учествуваше во изработката на Охридскиот договор 2001 година, акти кои ја обусловија македонската институционална политика. Во целиот овој период, независно дали беше дел од власта (1991-2007) или пишуваше колумни и јавно настапуваше во медиумите, имаше силно, понекогаш клучно влијание и ја обликуваше сферата на јавното мислење и политичките борби во државава. Пред нас е еден од неговите научни продукти. Преговарањето во конфликт на идентитети е тема на неговите постдипломски предавања во Италија, Универзитетот во Трст, но и некаква квинтесенца на неговиот ангажман и искуство во Македонија и нејзината меѓународна борба за видливост. Возбудливо и исклучително концентрирано научно четиво, со суштински дефиниции и постмодерен контекст на одвивање на политиката на разрешување на конфликти во ситуација на културни, идентитетски разлики на акте-рите. Конфликтите се контекстуали-зирани во поширокиот дискурс на либерална правда од пост-ролсов вид, засновување нов консензус на длабоките културни разлики во демократските општества или оние кои се трудат тоа да станат. |
|