|
|
|
АРХИВА
(2002-2004) на настани
поврзани со издавачката куќа
Темплум и Културниот Центар Точка:
|
|
2004 |
Декември |
Згуснат финиш на старата
година! Промоција
на три книги од продукцијата на издавачката куќа
Темплум: „Продавници со боја на цимет“
од Бруно Шулц, „Во земјата на
магијата“ од Анри Мишо и
„Лолита“ од
Владимир Набоков. На промоцијата,
која е со неофицијален поднаслов „Зошто
да купите три книги од издавачката куќа Темплум?“
промотори беа
Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски и Никола Гелевски.
|
промоција |
|
|
Декември |
Во просториите на културниот
центар Точка се одржа натпревар во
читање/изведување на поезија популарно наречен Поетски
слем. После неверојатно успешното
промовирање на ваквата отворена, демократска и креативна
размена пред повеќе од половина година (на
30. 03. 2004 ја организиравме првата вечер на Поетски
слем во рамките на прославата на десетгодишното постоење на
списанието Маргина).
Решивме овој настан да го претвориме во
редовен, кој ќе се одвива двапати годишно. |
настан |
|
|
Декември |
Излезе
Маргина
#66! |
маргина |
|
|
Ноември |
Во Точка се
одржа изложба на
Миле Ничевски, претставник на
младата генерација македонски уметници. Оваа изложба го
претставува комплексниот свет на неговите цртежи, или, како
што самиот автор ги нарекува „Белешки
од киоскот за цигари и весници“.
Неговите цртежи повеќе пати се провлекуваат низ Маргина во
последниве години, а последното такво промовирање беше во
Маргина #66. |
маргина |
|
|
Ноември |
Промоција
на деби албумот на Срѓан Јаниќијевиќ во
Точка. Албумот излезе во рамките на Списанието
Маргина #65.
Освен Цд-то насловено Good Old Fashioned ,
одржана е и промоција на две бонус
видеа во авторство на Јаниќијевиќ. |
промоција |
|
|
Октомври |
Во
просториите на Културниот центар Точка се одржа
дебата на тема "Важноста на меѓурелигискиот
дијалог во кризни времиња". Модератор
беше Слободанка Марковска, професорка на Философскиот
факултет, а учесници угледни
меѓународни професори: Проф. Џејмс Пејтон, од Редмир Колеџот,
Онтарио, Канада; Отец Питер Бактис, православен свештеник од
Јужна Каролина, САД, и Проф. Махмут Ајдин, Ондокуз Мајис
Универзитетот од Самсун, Турција. Воведничари
беа Леонард Свидлер и Пол Мозес, автори на книгата "Студија за
религијата во доба на глобален дијалог", што
треба да се појави во издание на "Темплум"
во иднина. |
дебата |
|
|
Јуни |
Во Точка
се одржа разговор со авторите
на книгите „Контрапункт 2001-2004;
Принципи за една поинаква политика“ и
„Причините за распаѓањето на СФРЈ“,
Никола Гелевски и Дејан Јовиќ. Објавувањето на двете книги
во едицијата „20/21 век“
е главна причина за организирањето на оваа дискусија. |
промоција |
|
|
Јуни |
Промоција
на првиот превод на Чарлс Буковски на македонски,
збирка раскази „Љубов за 17 1/2 долари“
во Точка,
издадена во книгоиздавателството
Темплум, во прозната едиција „Магма“. |
промоција |
|
|
Јуни |
Излезе
Маргина
#64. |
маргина |
|
|
Јуни |
Изложба
на фотографии на еден од нашите најзначајни уметници Игор
Тошевски што е последна фаза на неговиот најнов проект
„Територии“.
За проектот
може да читате во
Маргина #64. |
маргина |
|
|
Март-Април |
Недела посветена на 10
годишнината од појавувањето на првиот број на Маргина
во Културен Центар Точка.
Во рамките на случувањата се одржа и промоција на
јубилејното издание на
Маргина
#63
и изложба на дел од досегашните корици на Маргина.
Покрај тоа беше одржана и трибина
„Како да се застапува важноста на
културните списанија во општеството“,
промоции на најновите изданија од
Магма и 20/21 век, промоција на
веб страната на НВО Контрапункт и на проектот
Слевање на
маргините. |
настан |
|
2003 |
Ноември |
Изложба на
проектот „Како да станеш
величествена феминистка“ во Точка. Проектот
се состои во произведување
картички и постери со провокативен феминистички дискурс
(засега, на три јазици: македонски, албански и ромски). |
промоција |
|
|
Јули |
На 7-8 јули 2003 по речиси
тригодишни договори успеавме да ја донесеме светски
познатата теоретичарка Гајатри Чакраворти Спивак. Повод за
нејзиното доаѓање беше книгата „Постколонијална
критика“ што излезе во
издание на Темплум и регионалната конференција што по тој
повод се одржа. |
промоција |
|
|
Мај |
Издавачката куќа Темплум и
здружението на граѓани Контарпункт, на 29. 05. 2002 година,
го отвори Јавниот културен простор
Точка што се наоѓа на ул.
Илинденска бр. 38 (веднаш после семафорите кај
Владата), а
што беше одбележано со поставувањето на изложбата на Игор
Тошевски наречена Трансфери. |
настан |
|
|
Март |
Промоција на
книгата „Култура, анимација,
менаџмент, маркетинг“ од Милена
Драгиќевиќ Шешиќ и Бранимир
Стојковиќ, во издание на Темплум. |
промоција |
|
2002 |
Септември |
Промоција
на “И“
тријазична (македонски, англиски, албански)
антологија на поезија од Македонија,
ново издание на книгоиздавателството Темплум.
. Во рамките на промоцијата се одржа и дебата на тема:
„Кој е субјектот на македонската
книжевност?“ |
промоција |
|
|
|
повеќе:
НОВОСТИ (2006)
повеќе:
НОВОСТИ (2005)
|
|
|
|
|
|
Templum Разгледници
Hosted
by Mol |