Ширење на маргините

Маргина

Лифт

Нова Библиотека
20/21 ВЕК

 

 

 

 

Темплум - новости:
Зборник текстови од симпозиумот "Културен идентитет - разлика во себе"
Промоција на Маргина 53 и 54 во Куманово
Промоција и разговор на албанските и македонските картички и плакати "Како да станеш величествена феминистка" во Театарот на народностите во Скопје
Разговор на тема "Заедници и одговорност", промоција на картичките "Како да станеш величествена феминистка" и проекција на три дебитантски филма во Штип  
Во завршна подготовка е новиот 54-ти број на Маргина.
На 6-ти декември во Културната локација Место ќе се  одржи промоција, а потоа и журка, на која што ќе се претстават четирите поддржани проекти од Pro Helvetia меѓу кои и нашиот проект Ширење на Маргините. Добредојдени сте !!!  
На крајот на ноември во продажба ќе биде една од најпровокативните книги од областа на историјата Доба на крајности од Ерик Хобсбаум, а ќе излезе тритомна во рамки на едицијата 20-21 век.
Заради неколку објективни (мирисот на војна во воздух, на пример) но и субјективни причини,  кон крајот на мај излезе двоброј на речиси 400 страници, Маргина 51/52.
Во мај излегоа нови книги во едицијата 20/21 век: Модерноста и самоидентитетот од Ентони Гиденс и Друга насока од Жак Дерида.
Мошне успешната изложба Стрип во лифт - македонскиот стрип во движење 00-01, поставена во Музејот на современа уметност во Скопје, се симнува од таму и на 20 мај заминува за Загреб (всушност не цела; од 21 автор во Загреб заминуваат 9).
Темплум стана член на новото здружение на балкански издавачи, BAP (Balkan asociations of publichers). На саемот на книги во Франфурт во октомври 2000-та, неколку издавачи од Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија решија да го формираат здружението со цел на подобрување на меѓусебните контакти и посоодветен заеднички настап на "големиот" европски пазар. На состанокот во Будва (од 1 до 4 декември 2000-та, од Темплум учествуваше Никола Гелевски) беа договорени и првите конкретни проекти на БАП, за што на страницава ќе ве информираме во друга пригода.
На 24 ноември во Струмица (Дом на култура) се отвори првата од серијата  стрип изложби "Стрип во Лифт, македонскиот стрип во движење, 2000-2001"
Ha 27.10.2000 во книжарницата Аз-буки Темплум оддржа прес конференција
на која зборуваше Гелевски Никола, уредник во Темплум, а стана збор за: учество на Франкфуртскиот и Белградскиот саем на книги; формирање на Балканско здружение на издавачи, БАП; промоција на Темплум каталог; промоција на web страницата на Темплум и најава за голема стрип изложба на македонски автори

Нов Лифт! После 15 месеци одново! На 92 страници: Chris Ware (најважното име на американскиот современ алтернативен стрип), четири германски автори, Станковски/Вулкански, Киро Арсовски и Горанд.
  File: Дрогераш. Книгата (со преку 50 цртежи) на Ацо Станковски и Владо Манчевски веќе станува култна во чудните кругови на скопскиот андерграунд. Политичка сатира?! Нарко фантазмогорија?! Треба да  се види!
ПРЕТПЛАТА ЗА МАРГИНА - наједноставно и најевтино - 4 броеви - 500 денари + гратис книгичка
  Templum Разгледници Kirilica na web Hosted by Mol