| Библиотеки | |
Поезија |
|
|
|
СПРОТИ НЕА - Жарко Трајаноски Прва книга на едно чудно суштество распнато меѓу конвенционалното и ексцентричното ( меѓу нему милиот академски естаблишмент и сомнителното рмбачење за мали пари во опскурните алтернативни списанија), меѓу филозофијата и поезијата, меѓу " ангажманот" и " декаденцијата", распнат во сопствената нерешителност и нефокусираност ( така типична овде, сега!)- што сe фино и се гледа во оваа мала збирка (аскетска во одмерениот, стегнат тон, но јазички минуциозно исткаена- секоја запирка трепери!), една од подобрите стихозбирки објавени во последно време... (П. Вулкански) ЦЕНА: 3 ДМ. ( формат 15 см., 40 стр.) |
|
|
|
ПОЕЗИЈА ДЕНЕС... - Љупчо Митковски Вистинската дарбина за слики што синтетизираат цели човечки состојби, недвосмислено непретенциозно, прераснува во метафора со филозофски дострел. Високиот степен поетска зрелост и ингениозноста на уметничката инспирација особено доаѓа до израз таму каде што со минимум изразни средства се постигнува максимум уметнички ефект. ( Ферид Мухиќ) ЦЕНА: 3 ДМ. ( формат 15 см., 96 стр.) |
|
|
|
ВРАТА - Буде Графичка поезија! Нешто сосема инаку! Различно од с$ што сте виделе! Чудна метафизичка лиричност користи компјутер и на него Corel Draw...Средба на чадор и машина за шиење на операциона маса... ЦЕНА: 6 ДМ. (формат 21 см., 52 стр.) |
|
|
|
КОЛОЖБА - Никола Вртикола Протест, гнев и бунт зрачат речиси од секој стих во оваа " испревртена" книгичка. Пишувана во еден специфичен скопски сленг, стихозбиркава не е апологија на некаква си локалност туку токму спротивното: незадоволството е толку големо што се " цеди" низ зборовите и излегува дури од рамките на " артикулираноста", на самиот јазик... Иако оваа поезија ( панк, заумна, каламбурска!?) пред с$ е деликатна за оценување, во ерата на уметноста како субверзија и во времето кога крикот станува единствениот автентичен текст- нејзиното излегување треба да се поздрави... (П. Вулкански) ЦЕНА: 3 ДМ. (формат 15 см., 48 стр.) |
|
|
|
СОЦВЕТИЈА - Ана Димишковска- Трајаноска Фино " женско писмо". Прецизен јазик со концизна метафорика (која е моторика на тој елегантен јазичен механизам). За прва книга- извонредно, но во која насока ќе се развива тој поетски "сенс" на Ана Димишковска Трајаноска, тешко е да се претпостави... ЦЕНА: 3 ДМ. ( формат 18 см., 56 стр.)
|
|
|
|
МЕДИТАЦИЈЕ ХВАТАЧА ВАЗДУХА - Синиша Горњак Синиша Горњак веше три години живее во Скопје. Пишува на својот мајчин јазик, вон својата збудалена татковина. А всушност, татковина- тоа беше она место кајшто ми е добро, не?! ЦЕНА: 3 ДМ. ( формат 15 см., 52 стр.) |
|
|
|
ЈАС ЈУРИЈ Г. - Горан Иванов Крстевски |
|
|
|