| Библиотеки | |
Постмодерна |
|
|
|
ПОСТМОДЕРНИЗАМ - група автори Застапени се текстови на: Бодријар, Рорти, Лиотар, Иглтон, Сузан Зонтаг, Кант, Мек Хејл, Гиденс и Кермод. Оваа книга е збирка на постојано цитирани но никогаш на едно место објавени критички текстови за постмодернизмот и теоријата на литературата. На овој начин конципиран, Зборников претставува посебно вреден водич во една комплексна проблематика. Оваа збирка разјаснува некои од концептуалните конфузии околу терминот "Постмодернизам" и го следи неговиот развој низ различни промени и метаморфози. Фокусирајќи се на естетиката на постмодерната, антологијава ги рефлектира и истражува релациите меѓу раната ( повеќе естетичка) фаза на постмодернизмот, и подоцнежниот, повеќе филозофски и теориски развој. ЦЕНА: 7 ДМ. ( формат 21 см., 100 стр.) |
|
|
|
ПРЕДЕЛИ НА ХАОСОТ - Катерина Хејлс Сите големи и распрснати дебати во последниве дваесеттина години (" постмодерна", " постструктурализам", "деконструкција", "Теорија на информации"...) се соединуваат во една точка што едновремено експлодира! Таа точка (- модел?!) е оваа суперинструктивна книга која на прилично суптилен начин ги наоѓа врските меѓу најзначајните духовни парадигми на нашето време... Одмерена а сепак провокативна, иновативна а сепак едукативна, книга подеднакво благодарна како за " специјалистите" така и за " обичните" читатели... Вакви точки на средба меѓу "хумористичкото" и " техничкото" знаење се толку ретки ( особено денес, во ерата на с$ поголемото парчосување во рамките на самите дисциплини!) што обидот на Катарина Хејлс тоа да го направи во најмала рака заслужува респект и почитување... За многу нешта што не ни знаете дека не ги знаете, оваа книга ќе ви овозможи да ги дознаете, здобивајќи се со подобра ориентација во незнаењето! ЦЕНА: 7 ДМ. ( формат 21 см., 88 стр.) |
|
|
|