|
 |
|
|
Ширење
на маргините |


|
Резиме
на досегашните активности
|

|
Започнавме
во мај 2000. со Темплум-промоцијата
во Струмица и со разговорот на
тема "Современата музика -
гитара и компјутер".
Учествуваа Ристо Вртев (поп "стар"),
Јово Брамс (радио 103), Никола
Гелевски (Маргина). На
промоцијата на којашто го
најавивме нашиот проект "Ширење
на маргините" присуствуваа
повеќе од 100 луѓе.
|
Во летните месеци (од јуни до
септември) посета на неколку
градови во Македонија (Прилеп,
Битола, Гевгелија, Неготино,
Струмица, Охрид, Кочани, Куманово...),
заради договори за разни
активности поврзани со проектот.
Во истиот период ја
подготвувавме големата изложба:
СТРИП ВО ЛИФТ - македонскиот
стрип во двизхење 2001-2001. Таа
изложба, покрај редовното
излегување на списанието
Маргина, е една од главните
работи на целиот проект "Ширење на маргините".
Есента 2000-та изложбата СТРИП
ВО ЛИФТ ја поставивме најпрвин
во Струмица (во Домот на
културата), а потоа во Гевгелија.
На изложбата учествуваат 20
современи македонски стрип-автори,
од кои повеќето беа присутни во
Струмица. На отворањето дојдоа
околу 50 луѓе, а изложбата беше
проследена и од локалните и од
"скопските" медиуми. Во
следните денови изложбата
организирано ја посетиле
учениците од средните училишта
во Струмица. Спред директорот на
Домот, тоа била најпосетената
изложба во Струмица последниве
десетина години. Изложбата
слично помина и во Гевгелија (Дом
на култура), иако бројот на
посетителите беше помал.
|

Во почетокот на 2001. изложбата
беше поставена во Прилеп (Галерија
на Дом на култура) и Битола (во
Музејот). Во Прилеп дојдоа преку
200 луѓе на отворањето, во Битола
нешто помалку. И во двата града
беа присутни по десетина автори
застапени на изложбата.
Во Прилеп, пред изложбата,
беше одржан и разговор по
повод излегувањето на новиот |
број на Маргина (во кој беа
застапени 11 автори од Прилеп).
На разговорот (кој беше
сниман од локалната ТВ)
присуствуваа околу 100 луѓе. На
изложбата во двата града беа
застапени и автори од самите
градови (Крстевски,
Сотировски, Димитровски),
исто како и во Струмица и
Гевгелија.
|
Некаква своја мала кулминација
изложбата доживеа во Скопје, на 4
април 2001, кога се одржа
отворањето во Музејот на
современа уметност. Во дизајнот
и подготвувањето на изложбата ни
помогна господинот Перо
Георгиев. Целиот тираж на
второто издание на каталогот (1000
примероци) беше разграбан, така
што претпоставуваме дека
присуствуваа повеќе од 500 луѓе.
Одлична работа (за жал, мошне
нетипична за скопските музеи и
галерии) е што изложбата во
Музејот на современа уметност
беше посетувана и следните
денови, пред се` од млади луѓе,
како што не` информираше мошне
задоволниот директор на Музејот,
Емил Алексиев. И медиумите во
Скопје и` посветија
забележително внимание на
изложбата; најгледаната ТВ
станица А1, на пример, извештајот
за изложбата го стави во своите
ударни вести во 19 часот.
|

Во периодот 30 март - 1 април 2001 во
културната локација "Место"
го одржавме симпозиумот "Културен
идентитет - разлика во себе".
Имавме вкупно девет учесници,
четири од странство и пет од
Македонија.
Како некаков увод во
симпозиумот вечерта на 30 март
презентација на својата работа (под
наслов "Твое гомно - твоја
одговорност") имаше белградската
уметничка алтернативна |
група "Шкарт". И
презентацијата на "Шкарт"
и симпозиумот беа посетени во
границите на издржливост на
просторот - што значи, 100 до 150
луѓе.
Симпозиумот се одржа во сабота,
на 31 март, и непрекинато траеше
од 15 до 20 часот. Самиот тој факт
зборува дека за публиката (која
мошне активно учествуваше во
разговорот) симпозиумот беше
мошне интересен. Од повеќемина
посетители го добивме
признанието дека разговор со тој
интензитет и таква отвореност во
Скопје немало со години. Се
разбира дека разговорот
постојано се вртеше околу во тој
период прилично нестабилната
политичка ситуација во
Македонија , предизвикана од
нараснатите етнички |
тензии меѓу
малцинските Албанци и
Македонците. На симпозиумот, се
разбира, присуствуваа
повеќемина Албанци, и во
официелниот дел и меѓу публиката,
така што атмосферата на собирот -
и покрај, на моменти, вжештените
полемички тонови - беше крајно
демократска и толерантна.
Тоа се настаните што ги
организиравме досега во рамките
на проектот "Ширење на
маргините". |
|

На 8-ми Јуни
проектот ширење на Маргините
организираше панел дискусија во
Неготино на Тема "Центарот во
аут". Имајќи ги предвид
одредените потреби на
заедницата се обидуваме да ги
дефинираме темите за разговор.
Учествуваа петмина луѓе од
Скопје (Сашо Богдановски, Никола
Гелевски, Слаѓан Пенев, Перо
Георгиев, Искра Гешоска) и двајца
од Гевгелија (Борис Камчев и Мики
Петров). Во дикусијата се
вклучија над четириесетина луѓе.
|

На 23-ти јуни ја имавме можеби
најпровокативната дискусија
надвор од Скопје. После
агресивните и деструктивни
настани во Битола насочени кон
населението со муслиманска
вероисповед, а како божемна
реакција на "војната",
Битола стана најконтроверзниот
дел на земјата по прашање на
етничката интолеранција. Сепак,
после неколку одбивања на
локалните организатори успеавме
да организираме панел дискусија
и промоција на Маргина.
Дискусијата беше на тема Модерноста
и варварството и имаше
значајна реакција на неа.
|
Во
Септември излезе 53-от број на
Маргина. Во Октомври имавме
промоција на истиот број во
Гевгелија и дискусија на тема
"Заедница и одговорност" на
која учествуваа: Жарко
Трајаноски, Никола Гелевски од
Скопје, Никола Маџиров од
Струмица, Роберт Алаѓозовски од
Валандово, Борис Камчев од
Неготино, Миле Ничевски од
Гевгелија. Беа промовирани и
картичките.
Од "материјалните производи"
издвојуваме:
-шест свески на списанието "Маргина"
(вкупно речиси 1500 страници; тираж
500 по број)
-два броја на списанието за
уметнички и алтернативен стрип
"Лифт" (тираж 700)
-четири изданија (првото беше во
2000-та, другите две во 2001-та;
четвртото е специјално издание
за изложбата во Загреб) на
каталогот за изложбата "Стрип
во Лифт" (вкупен тираж на трите
изданија: 2500)
-седум големи колор плакати (50х70,
тираж 400 до 700; дизајнери на
плакатите: Филип Унковски,
Синиша Цветковски, Гордана
Гоцева, Небојша Гелевски, Љубо
Стефанов) |
-брошура за симпозиумот "Културен
идентитет - разлика во себе"
-десет џамбо-плакати (100х250 см)
направени за потребите на
уредување на изложбата "Стрип
во Лифт"
-серија од 30 картички направени
за проектот "Ширење на маргините"
креирани од четворица дизајнери:
Ана Стојковиќ, Бобан Пешов,
Синиша Цветковски и Небојша
Гелевски (тираж 500 до 700).
- Печатење на
македонска и албанска
верзија на плакатот Како да
станеш величествена
феминистка и 33 картички на
истата тема.
|
|
|
|
|
|
|
Templum Разгледници |
Kirilica
na web |
Hosted
by Mol |
|