|
|
|
|
|
на крај |
|
Го избравме зборот магма за
симбол на нашата прозна едиција затоа што низ тој збор ги
препознаваме вредностите што сакаме да ги афирмираме:
креативната (вжарена) силовитост искомбинирана со одредена
скриеност, тајновитост, потенцијалност. Се обидуваме насловите
што ги објавуваме во оваа едиција да претставуваат токму
снажни, збиени литературни творби кои сè уште задржале
одредена субверзивност и „подземност”, без оглед дали станува
збор за современи прози или за класици на модерносто доба..
Магмата е синоним за секоја добра литература - пламено и
стамено. Иако огнот обично е краткотраен, некои огнови се
посебни, прометејски; низ нашата едиција се обидуваме да ги
зачуваме токму тие подолготрајни книжевни и цивилизациски
односи. Во едицијата ù даваме своевидно место на македонската
литература, како на онаа современата, неконвенционалната, која
бара нови изразни средства, така и на онаа литература која
веќе се потврдила но бара нови рамки и контексти за
подолготрајно потсетување и опстојување. |
|
72 горе |
|

Темплум,
2008
198 стр.
цена 240 ден.
нарачај |
Хенри Џејмс
-
Свртување на завртката
Свртување на завртката е најнеобичниот роман на Хенри Џејмс, кој денес се смета за незаобиколна американска класика, подложна на бескрајни книжевни анализи. Некои од тие анализи биле речиси исто толку генијални колку и самото бесмртно дело на Џејмс.
На обидите да се растолкуваат тајните на Завртката (и самиот наслов е мала мистерија) им се придружиле и повеќе филмски автори во своите обиди да ја екранизираат славната приказна за духовите (последен, мошне успешен обид е филмот The Others од 2001 година на режисерот Алехандро Аменабар и со Никол Кидман во главната улога).
Иако темата на злото е во средиштето на романот, стварната природа на злото Џејмс не ја одредува. Тој се задоволува со тоа што го воведува читателот во една естетички мошне треперлива ситуација, целата во навестување на блиска но неодредена трагедија. |
|
71 горе |
|

Темплум,
2008
250 стр.
цена 270 ден.
нарачај |
Џон Фанте
-
Прашај ја пратава
Прашај ја правата е виртуозно напишан роман, приказна за Артуро Бандини, млад човек кој во триесетите години на дваесеттиот век живее во Лос Анџелес и се обидува да го пронајде својот пат како писател. Се вљубува во нестабилната Камила Лопез и тие почнуваат да градат амбивалентен однос, измешан со чувство на љубов и отфрлање на другиот, секогаш движејќи се на границта меѓу љубовта и неспособноста таа да се искаже и сподели.
Ритмичен, со мешавина на речиси маѓепсничка едноставност и вознемирувачки психолошки пресврти, Прашај ја правата е динамичен, разурнувачки сликовит и поетски јасен роман.
Едноставен, болно искрен, силно емотивно набиен.
Денес Џон Фанте (1909-1983) се смета за еден од најдобрите американски писатели на својата генерација, автор кој ќе изврши големо влијание врз бит генерацијата и особено врз Џек Керуак и Чарлс Буковски.
|
|
69 горе |
|

Темплум,
2008
83 стр.
цена 100 ден.
нарачај |
Роберт Кувер
-
Бебиситерката
Бебиситерката е новела која го користи прозниот медиум за да ги истражува процесите што се случуваат за време на читањето и пишувањето проза. Начинот на кој текстот е конструиран треба да го натера читателот да размислува за самиот концепт на прозата, и за тоа како таа ги избегнува „традиционалните“ форми преку истражување на сопствените капацитети...
Обидувајќи се да одговори на прашањето како би изгледал светот во кој сечија фантазија би се остварила, Кувер ја истражува потсвеста на своите ликови. Неговата омилена идеја е дека преку технолошките медиуми, како што е телевизијата, луѓето ги искажуваат своите скриени тајни.
|
|
68 горе |
|

Темплум,
2008
138 стр.
цена 130 ден.
нарачај |
Бенжамен Констан
-
Адолф
Адолф е еден од најславните љубовни и психолошки романи на сите времиња, но едновремено е роман кој и денес е толку жив и современ што постојано предизвикува нови препрочитувања и посвети (филмски, книжевни, театарски...). Ретко кој писател со толку продорност и прецизност толку длабоко и минуциозно ја анализирал целата пустош и целата кобност на раѓањето и умирањето на една страст. Расчленувањето на сопственото „јас“, расшивањето на линиите на срцето и душата, се неодоливи потреби на внатрешното битие на големиот морален хирург, Бенжамен Констан. Тој самиот во својот Дневник признал дека во него живеат две личности, од кои едната ја набљудува и изучува другата.
Бенжамен Констан (1767-1830) го прогласиле за најчудната личност на сопственото доба, преминот од 18 во 19 век. Тој поцелосно од било кој друг го олицетворува судирот на идеите, страстите и стремежите на двете времиња, борбата на стариот поредок со духот на новиот век. |
|
67 горе
|
|

Темплум,
2008
190 стр.
цена 240 ден.
нарачај |
Марсел Еме
-
Париски приказни
Веројатно Марсел Еме е најзначајниот француски раскажувач во дваесеттиот век,
наследник на Мериме и Флобер. Читајќи ги неговите црнохуморни раскази читателот
ќе го запознае фантастичниот свет на Еме, париското подземје во годините на
Втората светска војна. Мали човечки радости што го грејат срцето, ситни семејни
неволји кои предизвикуваат катастрофи достојни за античка трагедија исто толку
го прават светот на Еме како и циркузантите или митските суштества кои постојат
едни покрај други во необичното секојдневие.
Делото на Марсел Еме (1902-1967) е многу разновидно: седумнаесет романи, седум
збирки раскази и единаесет театарски пиеси. Еме има напишано и два есеи и голем
број новинарски текстови. Четири негови романи и два раскази се филмувани, а тој
е автор и на бројни сценарија и дијалози. Најдобриот филм е направен според
расказот Низ Париз, во режија на Клод Отан Лар со Жан Габен и Луј де Фин. |
|
66 горе
|
|

Темплум,
2008
180 стр.
цена 240 ден.
нарачај |
Гајто Газданов -Будење
Будење е роман на откривање, роман на психолошка мистерија. Пјер Форе, еден
просечен млад Французин, налетува на непозната жена која се наоѓа во дива или
“природна” состојба. Иако нејзината состојба изгледа безнадежно, тој сосема & се
посветува, ја негува и успева да ја врати во “нормалниот” живот. Повратената
хероина на некој начин одново се пронаоѓа себеси и останува со Пјер. Иако на прв
поглед изгледа како необична приказна за љубовта, романот во себе крие и многу
други слоеви; тој зборува за пријателството, посесивноста, припаѓањето, за
односот меѓу “природата” и “културата”...
Романот има посебно место меѓу романите на Газданов и претставува еден од
неговите врвни дострели. Делото се одликува со во формална смисла беспрекорна
класична нарација и се чита во еден здив. |
|
65 горе
|
|

Темплум,
2008
360стр.
цена 350 ден.
нарачај |
Курбан Саид
-
Али и Нино
Али-кан е исламско момче од Азербејџан, исполнето со страста на своите предци
кон пустината и воените легенди. Неговата љубовница Нино, преубава христијанка
од Грузија, е девојка со европски сензибилитет. Наспроти забелешките на нивните
родители, како деца стануваат многу блиски, а подоцна и љубовници кои своите
денови ги поминуваат на бреговите на Каспиското море во Баку. Меѓутоа, токму
тука во градот, каде што се судираат две различни цивилизации - Истокот и
Западот, нивните разлики стануваат с$ поизразени. Подоцна, тие неизбежно
стануваат учесници во случувањата околу Октомвриската револуција и Втората
светска војна. Така двајцата мораат да се спротистават на раздвоените светови и
на своите внатрешни пориви.
“Кога ќе го прочитате овој роман, ќе почувствувате како да сте пронашле загубено
богатство... ова е еп за различните култури, кој и денес е актуелен.”
Њујорк Тајмс |
|
64 горе
|
|

Темплум,
2008
150 стр.
цена 225 ден.
нарачај |
Оливера Николова
-
Лева комора
ГКратката збирка раскази Лева комора на Оливера Николова е меѓу најдобрите
збирки раскази што се појавиле на македонски изминативе дваесетина години.
Една од причините зошто книгава е настан за македонската литература е и зашто
таа е снажно нагласена химна на женскоста, не-што што очајнички недостасува во
патријархалната и во многу нешта анахрона македонска проза.
Расказите на Николова, меѓу другото, импресионираат со својата збиеност,
стегнатост, со една речиси поетска прегнантност, но која суштински е
непретенциозна. Одмереноста и суптилноста на изразот на Николова го достигнуваат
нивото на една згусната елеганција (она што македонската проза многу ретко го
постигнува оти главно е епски раздрдорена и главно мошне дескриптивна).
|
|
63 горе
|
|

Темплум,
2008
165 стр.
цена 225 ден.
нарачај |
Томас Бернхард
-
Имитатор на гласови
Збиркава од седумдесетина мошне куси раскази ги содржи најдобрите особини на
мошне обемниот опус на овој голем австриски писател: стилската брилијантност,
минимализмот (со голема изразна моќ), морничавоста, црниот хумор, суптилната
иронија, поетичноста...
Беспоштедниот став на љубов и омраза спрема Австрија одеше дотаму што Бернхард
тестаментарно забрани неговите дела да се објавуваат и изведуваат на сцените во
Австрија с$ додека важат авторските права! Според него, нема подобра илустрација
од Австрија дека државата е гомно.
Со Бернхард читателот секогаш го поминува искуството на духовен земјотрес. За
него не постојат светии; тој е писател кој десакрализира. Неговата провокативна
и често уништувачка иронија никому не простува, а очигледно и самиот не се
иззема од подбивот. Како ви-стинска опсесивна машина тој гризе с$ околу себе и
во себе.
Иронично е можеби и тоа што големиот мизантроп и циник, Томас Бернхард, ни
остава нам, на луѓето-читатели, едно извонредно уметничко дело, токму за уживање,
не за страдање! |
|
62 горе
|
|

Темплум,
2007
202 стр.
цена 240 ден.
нарачај |
Гајто Газданов
- Вечер кај Клер
Гајто Газданов (1903-1971), покрај Набоков, е најзначајниот прозен писател
формиран во времето на првата руска емиграција. Осетин по националност, како
гимназијалец учествувал во граѓанската војна на страната на белите и со
поразената војска ја напушта Русија. Најголемиот дел од животот го поминува во
Париз, каде што со децении работел како ноќен таксист.
Во светот и во Русија веќе десетина години интензивно трае постхумниот феномен
на Газданов: денес тој веќе е класик на светската книжевност, влегува во
школските програми, доби споменик во родното место, стекна огромна читателска
публика ширум светот, а стана и лик во некои современи уметнички дела. Критиката
сепак сè уште не успева во доволна мера да ја објасни тајната на задоцнетиот
успех на овој писател кој себе не се земал премногу сериозно, но чијашто
читателска публика знае да ги осети тензијата, музикалноста, фрагментарноста и
непретенциозната филозофија настаната во допирот меѓу два живота: оној со кој се
живее и оној со кој би требало да се живее.
“Вечер кај Клер” (1930) е неговиот прв роман и, според мислењето на критиката,
најдоброто дело за граѓанската војна во емигрантската литература. Користејќи ја
во прв план приказната за една младешка, копнежлива и чудно романтична љубовна
врска, Газданов успева да создаде мошне комплексни, “широкоаголни” перспективи
во кои се отсликуваат крупни настани и цели епохи. Низ преплетот на нежното,
емотивното и мистичното, од една страна, и мошне експресивните и бурни воени
настани, Газданов го создава својот мошне специфичен свет; всушност, спојот меѓу
лириката и иронијата којшто создава малку поместени и фантазмагорични слики на
реалноста и инаку е една од главните карактеристики на делото на Газданов,
присутна и во неговиот незаобиколен прв роман. |
|
61 горе
|
|

Темплум,
2007
104 стр.
цена 190 ден.
нарачај |
Људмила Улицка
-
Соњечка
Улицка се смета за најзначајна современа руска писателка. Нејзината биографија е
можна само во – Русија. Родена е во Москва. Завршила биологија и едно време
работела во генетичка лабораторија, а потоа останала без работа, оти во времето
на самиздатот полицијата кај неа пронашла машина за пишување на која бил
пречукуван роман. На тој начин завршила нејзината научна кариера, а започнала
писателската.
Критичарите во нејзината проза пред сè откриваат извонреден истражувач на
човечките судбини, но и ретко суптилен хроничар на историјата на Русија во
дваесеттиот век. Нејзината проза се карактеризира со спојот меѓу “класичната
руска литература со современите текови и со обнова на реалистичкиот книжевен
израз врз кој почива поновата традиција на руската книжевност”. Улицка е
брилијантен психолог и мошне вешт стилист којшто во своите прози успева да ги
пренесе и ослободи најкревките нијанси на човечкиот карактер.
Првиот голем книжевен успех Улицка го постигнува токму со беспрекорниот краток
роман “Соњечка” објавен 1993 година. Соњечка ги содржи најдобрите писателски
особини на Улицка: ем ги има збиеноста и јадровитоста на нејзините најуспешни
кратки форми, ем има зафат и широчина карактеристични за многу пообемни романи.
Со многу вештина и нежност прикажан е животот на една руска жена која ги
поминува премрежињата на втората половина на дваесеттиот век во Русија. Романот
е проткајан со просто зачудувачка топлина и разбирање дури и за најнеобичните
форми на љубов и блискост. |
|
60 горе
|
|

Темплум,
2007
160 стр.
цена 225
ден.
нарачај |
Ромен Гари
-
Сјајот на жената
Грчовито барајќи причина за продолжување на животот, во седумдесеттите години на
јавноста Гари ù ја приредува една од најголемите книжевни мистификации на векот:
објавува четири последователни романи под псевдонимот Емил Ажар, прво добивајќи
ја, а потоа одбивајќи ја Гонкуровата награда за вториот роман Животот е пред
тебе. Критичарите и новинарите покренуваат вистинска хајка против таинствениот
дрзник, а тој им возвраќа со сигнали вградени во своето претпоследно дело,
индикативно наречено Псевдо. Потоа се одлучува да стави точка на својата животна
комедија и на 2 декември 1980 се самоубива откако една година претходно тоа го
направи и неговата бивша сопруга, славната актерка Џин Сиберг.
Можат ли две несреќни личности, кои сосема случајно ќе се сретнат, заедно да
стигнат до некаква форма на среќа? Дали љубовта и смртта навистина се
нераскинливо и фатално испреплетени и поврзани? Тоа се само некои од прашањата
коишто во романот “Сјајот на жената” ги поставува Ромен Гари (1914-1980)
На привлечноста на романов не ù одолеа ни славниот режисер Коста Гаврас,
создавајќи една интимистичка филмска фуга, својот единствен “неполитички” филм,
со незаборавната Роми Шнајдер и со Ив Монтан. |
|
59 горе
|
|

Темплум,
2007
313 стр.
цена 320 ден.
нарачај |
Франц кафка
- Преобразба
Гледајте го стилот на Кафка! Чистотата и прецизноста на неговиот стил го
нагласуваат мрачното богатство на неговата фантазија. Контрастот и единството,
стилот и темата, манирот и заплетот совршено се обединети.
Тој е најголемиот германски писател на своето време. И таков еден поет како
Рилке, или романописател како Томас Ман, се само џуџиња или пластични светци во
однос на него...
Владимир Набоков
Кафка едновремено беше сведок, жртва и судија на една општествена стварност која
трае и денес; нашата стварност во најмала рака изгледа исто толку налудничаво,
фантазмагорично и заканувачки како стварноста што провејува (фучи, вушност!) од
епохалното дело на необичниот чешки Евреин. Во таа смисла, делото на Кафка е
пророчко и секогаш актуелно. |
|
58 горе
|
|

Темплум,
2007
130 стр.
цена 210 ден.
нарачај |
Едуард Лимонов
-
Девојка-ѕвер!
Првото македонско претставување на непредвидливиот, политички и естетски
шокантниот руски писател со, во меѓувреме, значаен и мошне контроверзен
политички стаж, е избор од неговите три збирки раскази: Девојката ѕвер,
Вообичаените инциденти и Книга на водата. Авторот кој ги прослави своите
бисексуални авантури во романот “Тоа сум јас, Едичка” (преведен на над 20
јазици), и во расказите продолжува да провоцира и вџашува: против коректноста,
против естаблишментот, против моралот, против Западот, против лицемерието и
мртвилото... Но, за да не биде само против, Лимонов е за: лудилото и
креативноста, пред сè, па и кога се сплотени во креативно лудило! |
|
57 горе
|
|

Темплум,
2007
100 стр.
цена 180
ден.
нарачај |
Џејмс Балард
-
Гласовите на времето
„Гласовите на времето” се вистински дестилат на темите кои постојано го
окупираат големиот британски писател: „чувството на изолираност во внатрешноста
на бескрајните простор и време на космосот, биолошките фантазии и обидот да се
прочитаат слоевитите шифри на испразнетите базени и напуштените аеродроми, а над
сè, решеноста да се измолкне од сè подлабоката психичка ентропија и да се склопи
некаков личен мир со невидливите сили на космосот”.
„Со фаталистичка дистанцираност која претходно ја беше чувал за своите
пациенти”, Роберт Пауерс го исчекува крајот - својот личен и крајот на човечкиот
род, а можеби и крајот на космосот. Неговото ментално и физичко пропаѓање е дел
од процес со планетарни димензии чиишто многубројни манифестации укажуваат на
тоа дека „врвот всушност веќе е достигнат” и дека “патот сега води удолу, кон
заедничката биолошка гробница”. |
|
56 горе
|
|

Темплум,
2007
85 стр.
цена 180
ден.
нарачај |
Роберт Кувер
- Плескање на слугинката
“Плескање на слугинката”, фуриозниот и брилијантниот краток роман кој ги лови
пародиските и трагикомичните релации меѓу уметноста и порнографијата, е еден од
најдобрите прозни текстови што ги истражува садо-мазохистичките релации.
Целиот роман се сведува на варијација на еден единствен настан – камшикување на
слугинката. Една бања и една спална соба. Тоа е просторот каде што е сместен
текстот на Кувер.
А чија е опсесијата што се опишува во книгата? Репетитивното влегување на
слугинката, бесот на господарот, пишувањето како камшикување, сите овие елементи
укажуваат на повеќе од две опседнати фигури. Можеби укажуваат на гласот на
замислениот автор, на авторот кој самиот е опседнат? Но, опседнат со што? Со
сопствената посветеност на уметноста? Со идејата за пропаста на љубовта? Со
злобноста на природата, со несовршеноста на човекот? Со библискиот контраст меѓу
Бог и човекот? Со традиционалните односи меѓу мажот и жената? |
|
55 горе
|
|

Темплум,
2007
225 стр.
цена 225 ден.
нарачај |
Гајто Газданов
- Призракот на
Александар Волф
Кога го читаш Газданов, станува очигледно дека 99% од советските прозни писатели
и 90% од емигрантските не знаат ништо за литературата, дека нивните зборови не
се чувствуваат, не се изговараат, туку се случајно расфрлани како букви од
печатарскиот слог.
Владимир Вејдле
Во “Призракот на Александар Волф” се сосредоточени клучните и опсесивни теми на
Газданов: судбината, улогата на случајот, преобразбата на личноста, смртта,
двојникот... Главниот лик е прогонуван од едно сеќавање за убиство кое всушност
не го направил. Кога тој, најпосле, по многу години, во емиграција ќе го сретне
човекот што мислел дека го убил, својот своевиден двојник – се случува сплет од
многу необични настани.
Во “The New York Times Book Review” Рене Фулоп-Милер успехот на романот го гледа
во вештината на Газданов да создаде “необична, но мошне умна мешавина на роман,
психолошка студија и репортажа”. Ани Бриер во суптилната критика во “Nouvelles
litteraries” ја издвојува “халуцинантната атмосфера на тој “блескаво напишан
роман”. |
|
54 горе
|
|

Темплум,
2007
112 стр.
цена 180
ден.
нарачај |
Луј Фердинан
Селин - Семелвајс
Големото книжевно дело на најлудиот писател на минатиот век всушност започна со
текстот Семелвајс, кој не беше само докторска дисертација на Селин туку и
биографија длабоко поврзана со сите дилеми, недоразбирања и несреќи кои допрва
ќе треба да му се случат на најоспоруваниот француски гениј...
Лекарот Семелвајс, откривачот на антисептичните постапки во медицината, умира
неразбран во светот на науката, додека Селин, неговиот брат по несреќа, во
светот на литературата останува веројатно најголемиот проколнат писател на 20
век. Овие две личности изгубени во ноќта на светот, две крајности на истото,
судбини се на трагедијата на времето или самите се трагедии во времето, секоја
величествена и поучна на свој начин. |
|
53 горе
|
|

Темплум,
2007
304 стр.
цена 315
ден.
нарачај |
Микаел Ниеми
-
Поп музика од Витула
Шеесетите години и напредокот пристигнува во најоддалеченото парче на светот,
местото Пајала на северот од Шведска: улиците се асфалтираат, семејствата ги
купуваат првите автомобили... и се појавува првата рок плоча на Битлси.
А потоа веќе ништо не е како порано...
Забавен, смешен и духовит роман раскажан од перспектива на момчињата за кои
првите плочи на Елвис Присли и Битлси имаат поголема општествена вредност од
првото сексуално искуство...
Проза во која со многу фантазија и поетичност се прикажуваат необични ликови
поставени во уште понеобични животни ситуации. |
|
52 горе
|
|

Темплум,
2007
224 стр.
цена 225
ден.
нарачај |
Михаил Агеев
- Роман со кокаин
Ова е приказна за пропаста на еден јунак кој не ја издржува борбата со злото во
себе и може да се смета за модернизирана верзија на “Човекот од подземјето” на
Достоевски. Секако, Достоевски е присутен со својата ненормативна и мошне
сложена синтакса, нервозна структура на реченицата; некојпат недоречен, некојпат
дури и нејасен – но, при сето тоа, сенката на Достоевски надвисната над „Романот”
целосно е ослободена од метафизиката и од православието |
|
51 горе
|
|

Темплум,
2007
205 стр.
цена 225
ден.
нарачај |
Жан Ешноз
-
Заминувам
“Заминувам” е првиот збор што го изговара главниот лик на романот, откако решил
да ја напушти својата жена. Тоа е и последниот збор изговорен од истиот лик кога,
по цела година талкања и авантури, со скршено срце, се враќа да го посети она
што некогаш било негов брачен дом. Клопчето е одмотано, револуцијата е завршена,
заградата се затвора, ликот едноставно малку остарел во меѓувреме. Искусил, би
рекле, возбудливи авантури заради нарушување на срцевиот мускул, отишол до
Северниот пол за да го врати трезорот со старата ескимска уметност, бил ограбен
и самиот бил крадач, измамник и измамен, заводник и заведен, едноставно - живеел.
Од сето му останале само нелагодата и уморот. |
|
50 горе
|
|

Темплум,
2006
240 стр.
цена
300
ден.
нарачај |
Реј Бредбери -
Фаренхајт 451
Романот Фаренхајт 451 е остро обвинување на цензурата што владее во светот на
иднината во која пишаниот збор е забранет. Во ова општество сè е сведено на брза
забава, површна информација и тривијални знаења. Луѓето постојано гледаат во
своите телевизори големи колку ѕидовите на нивните дневни соби и гинат возејќи
се со огромна брзина во брзите превозни средства. Сè е брзо, инстантно и
минливо.
Фаренхајт 451 е пример за дистописки роман, но ако се спореди со неговите
претходници како Ние на Евгениј Замјатин, Храбриот нов свет на Олдос Хакси или
1984 на Џорџ Орвел, може да се каже дека е понетипичен од нив, пред сè заради
визијата што се отвора на крајот од текстот. Исто така, параболата на Бредбери е
многу пореалистична од овие класични антиутописки романи.
Анализирајќи ја вечната борба меѓу цензурата и слободата на мислата, релевантна
и во денешно време, Бредбери визијата за иднината ја гради врз можноста
индивидуата секогаш да се наврати на некои основни квалитети што човекот ќе ги
поседува како одбрана на силите кои настојуваат да го обезличат. |
|
49 горе
|
|

Темплум,
2006
200 стр.
цена
240
ден.
нарачај |
Панаит Истрати
- Кира Киралина
Во почетокот на јануари 1921 година ми беше преда-дено едно писмо од болни-цата
во Ница. Го нашле покрај некој очајник којшто сам си го пресекол гркланот.
Постоела мала надеж оти тој ќе преживее од раната. Јас го прочитав и бев обземен
од мрачните бранувања на генијот.
Тој го работел секој занает: служител во крчми, слаткар, бравар, казанџија,
механичар, прост работник, носач, слуга, човек-сендвич, цртач на фирми,
бојаџија, но-винар, фотограф... Едно време, тој бил замешан во ре-волуционерните
движења. Поминал низ Египет, Сирија, Јафа, Бејрут, Дамаск и Либан, Ориентот,
Грција, Ита-лија, најчесто без пара в џеб, а, понекогаш, и како слеп патник на
некој брод каде што кога ќе го откриеле на отворено море, го исфр-лале на
брегот, во првиот пристан.
Овој гениј на сказните е толку незапирлив што во пис-мото спроти само-убиството,
два пати прекинува со без-надежните поплаки за да раскаже две шеговити случ-ки
од неговиот минат живот. |
|
48 горе
|
|

Темплум,
2006
260 стр.
цена 300
ден
нарачај |
Евгениј Замјатин
- Ние
Евгениј Замјатин е еден од најголемите пророци на дваесеттиот век, претходница
на Орвел и Хаксли, симбол на еден сосема нов жанр наречен дистопија (или
антиутопија).
Неговиот прославен роман Ние (објавен 1923 година) има историско значење и во
историјата на литературата и во историјата на идеите. Опишувајќи го на еден
метафоричен начин можното општество на иднината, во коешто бирократскиот терор
сосема ги обезвреднува индивидуалните човечки сидбини, Замјатин всушност пишува
за стравотиите на тоталитаризмот, чија лева и десна варијанта, сталинизмот и
фашизмот, ќе предизвикаат невидени историски страдања на десетици милиони луѓе.
Иако романот е пишуван под силно влијаение на тогашните авангардни тенденции,
тој едновремено се надоврзува на некои класични дела од жанрот, но и ги
навестува славните романи кои го одбележаа целиот 20 век: 1984 и Прекрасниот нов
свет. |
|
47 горе
|
|

Темплум,
2006
230 стр.
цена 250
ден
нарачај |
Курт Вонегат - Кланица пет
За Курт Вонегат се вели дека е еден од најзначајните автори на модерниот
социјален роман во кој поединецот со анархистичка акција се спротиставува на
фашисоидната констелација на односи што владеат во постиндустриската ера. И сето
тоа поставено во рамки на моделите за американската трагедија и американскиот
сон.
Кланица пет е една од најпознатите антивоени книги. Одисејата на Бил Пилгрим низ
времето го рефлектира митското патување на прекршениот живот кој се деконструира
во потрагата по смислата на она што поединецот се плаши дека ќе го открие.
За популарноста на романот улога има и фактот што голем дел од поставените
проблеми, војната, екологијата, пренаселеноста на земјата, консумеризмот, ќе
бидат доминантни и во годините што следат по неговото објавување. |
|
46 горе
|
|

Темплум,
2006
190 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Емброуз Бирс
- Ѓаволовиот речник
Ѓаволовиот речник е буквар на црниот хумор!
Денес книгата може да се чита како постмодернистички текст.
Аргументите се:
» преобликувањето на неуметничката литерарна форма и нејзиното подигнување на
уметничко ниво;
» пародијата на тоа преобликување;
» мешањето на книжевните родови;
» користењето псевдо цитати од книжевни и научни дела;
» алузии на постоечки книжевни дела и нивно пародично парафразирање...
Сите овие елементи овозможуваат текстот да се чита како вистинска литература.
Ембоуз Бирс беше еден од најраскошните мизантропи, модерен крал на циниците! |
|
45 горе
|
|

Темплум,
2006
220 стр.
цена 250
ден
нарачај |
Ведрана Рудан
- Црнци во Фиренца
Жестока и храбра проза која сурово ја сецира сегашната хрватска стварност.
Феминистички освестена, политички ангажирана, Рудан го документира внатрешниот
свет на ликовите вешто користејќи занаетски финти за кај читателите да
предизвика револт, скандал, сожалување или згрозеност од нивниот вулгарен однос
кон животот.
Црнци во Фиренца е роман за едно хрватско семејство. Баба, мајка, татко, ќерка,
син, близнаци, пари, љубов, секс, абортус, смрт, хаос...
Ако Ведрана Рудан беше рокерка, наверојатно ќе беше чудна комбинација на Пати
Смит и Кортни Лав, а рок критиката ќе ја сместеше во одредницата - “кучки со
мадиња”.
Јасна Погачник |
|
44 горе
|
|

Темплум,
2006
130 стр.
цена 210
ден
нарачај |
Георги Господинов -
И други приказни
Георги Господинов сосема заслужено е еден од најславните современи бугарски прозаисти. Неговите прози се изградени според Борхесовскиот концепт за книжевноста - во нив се испреплетуваат неколку временски и просторни рамништа и читателот до последниот ред не е сигурен што е игра на симболи, литературна алегорија, а што вистина.
Авторот ужива во разнишувањето на границите меѓу литературните жанрови. Читателот постојано е збунет - од зборовните игри, метафорите, необичните анегдоти. Расказите се обоени со драматичноста на мотивите, загадочните приказни, длабокиот поттекст, остроумните контрасти, нежноста, отсуството на секаква монументалност...
Композициски ослободени, во целост ги потврдуваат денешните тези на следбениците на постмодерната „артикулација на фрагментираниот свет”. |
|
43 горе
|
|

Темплум,
2006
240 стр.
цена 250
ден
нарачај |
Гајто Газданов - Црни лебеди
Делата на Газданов честопати и не можат рационално да се анализираат, нејасните движења на душата се толку суптилни, често толку недофатливи што просто не е можно, како ни музиката, не само да се прераскажат туку ни да се именуваат.
Денес Газданов не се доживува само како значаен писател од блиското минато, недоволно познат класик, кон кој неправдите мораат да бидат исправени, туку како мошне современ автор, па дури и автор кој бил пред своето време. Тој има мошне висока репутација и несомнено врши влијание и врз современите руски и светски писатели.
Иако модерна (но не и експериментална), прозата на Газданов се вклопува во традицијата. Со добри причини се зборува за синтеза помеѓу руската и западната традиција во неговото дело. Критиката, меѓутоа, забележува дека тој нема претходници во книжевноста и токму затоа го споредуваат со Гогољ, како најблескавиот стилист во руската литература. |
|
42 горе
|
|

Темплум,
2006
90 стр.
цена 160
ден
нарачај |
Жан Ешеноз - Една година
Романите на Жан Ешеноз се материјализација на необјаснивата секојдневна мистерија: допир на чудото што навлегува во конкретната реалност и во идентитетот на неговите ликови, кои понекогаш се наоѓаат на работ од психопатолошкото.
Тој пишува за онаа точка каде прашањето на идентитетот преминува во прашање за судбината, прашање за нужноста. Неговите ликови се како хероите од античките трагедии, бегаат од тајната што ја кријат во себе само за да ја остварат. Тие не се опседнати толку со прашањето за сопствениот идентитет колку со прашањето за слободната волја во однос на идентитетот што ги задушува. Да се биде слободен, тоа би значело човек да има можност да не биде она што е.
Големиот почитувач на Набоков, Кено, Флобер и Фокнер, мајсторите на стилот и речникот, често својот романсиерски опус сака да го толкува како посвета на некои автори. На пример, книгава што ја држите во раце може да биде посвета на големиот мајстор на суспенсот, Алфред Хичкок! |
|
41 горе
|
|

Темплум,
2006
130 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Јуриј Мамлеев - Вампир-психопат
Неверојатен лудак! Литературен алхемичар - маг и шаман едновремено! Само во машината на генијалната литература може да се смеша една таква комбинација од магиско, морбидно, психолошко и филозофско! Дури и капките од оваа налудничава литература во допир со нежна душа предизвикуваат суптилни процепи и паѓања во несвест! Внимателно да се употребува! Да не се тресе пред употреба! Пренежниот читател може да експлодира! Мамлеев е Достоевски на 21 век! |
|
40 горе
|
|

Темплум,
2006
178 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Торгни Линдгрен - Бумбаров мед
Романот Бумбаров мед претставува трогателна, мошне снажна и на моменти мошне мрачна приказна која го разгледува односот на двајца браќа заробени во доживотна меѓусебна зависност и омраза.
Романот добива нова димензија кога во нивниот осаменички живот ќе се појави жената која на некој начин станува гласник кој по многу години ќе ја овозможи нивната комуникација. Станува збор за трагична приказна испресечена со извонредно суптилни и потресни дози хумор и светлина. Психолошки мошне силен, романот на Линдгрен во човека остава незаборавни слики на северот во душата и во географијата.
Овој роман е круна во творечкиот опус на Торгни Линдгрен и овој роман најмногу придонесе тој да стане еден од најзначајните и најпопуларни шведски писатели. |
|
39 горе
|
|

Темплум,
2005
90 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Рејмонд Чендлер - Пробај со девојката
Рејмонд Чендлер (1888-1959) е можеби водечко име во детективската проза на 20 век, но неговото влијание уште пред неколку децении излезе од некогаш задушли-вите жанровски граници и денес тоа влијание е при-сутно и во пошироките книжевни кругови.
Чендлер го презеде суровиот и реалистичен стил на Да-шиел Хемет, давајќи му уметнички призвук, исполнувајќи ја прозата со духовити метафори и блескаво луцидни реченици.
Чендлер обезбеди трајно место во оние струи на американската литература, чиј извор се наоѓа во секојдневието, баналноста на криминалот и презрените одметници кои се обидуваат да живуркаат на маргините на општеството. Тој успеа да го создаде она што би можело да се опише како американски стереотип на херој: мудар, надежен, промислен, авантуристички насочен, сентиментален, циничен и бунтовен. Умешноста на Чендлер се состои во моќта да создаде ликови кои се мешавина од стереотипите познати на американското општество и ликови од крв и месо што освојуваат со својата живост. |
|
38 горе
|
|

Темплум,
2005
94 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Филип К. Дик - Малцински извештај
Малцински извештај е најпозната новела на мајсторот на научната фантастика Филип К. Дик. Според овој текст Стивен Спилберг во 2002 година го сними истоимениот филм. Во новелата за футуристичката полиција која ги апси потенцијалните убијци пред тие да извршат злосторство се манифестира типичниот интерес на Дик за обичниот човек кој одеднаш се наоѓа во необична ситуација. Шефот на Преткриминалистичката агенција е обвинет дека во иднина ќе изврши убиство на човек за кој никогаш во животот не слушнал. Заплетот почнува кога Џон Андертон ќе се обиде да ја докаже својата невиност.
“Живееме во општество во кое лажните стварности постојано се произведуваат од страна на медиумите, владата, големите корпорации, религиозните групи, политичките групи. Зашто постојано сме бомбардирани од псевдостварности произведени од многу софистицирани луѓе? Се плашам од нивната моќ. Моќ да се создадат цели универзуми на умот. Тоа јас го знам. Јас го правам истото.”
|
|
37 горе
|
|

Темплум,
2005
202 стр.
цена 240
ден
нарачај |
Ингеборг Бахман - СÉ
“Бесно се обидувам да создадам звук кој ќе го носи мојот
ракопис. Мојот ракопис! Како да е најбитно нешто да го носи
мојот ракопис! Громови удираа во дрвјата и ги цепеа на две.
Лудило ги обзема луѓето и ги распарчува однатре. Роеви скаулци
ги преплавија полињата оставајќи зад себе пустелија. Поплави
ги срамнија ридовите, а диви потоци падините. Земјотресите не
се смируваа. Тоа се ракописи, и тоа единствени!”
Проза набиена со интензивни емоции, раскошна, стилски
брилијантна, музички префинета и полна со фантазија... |
|
36 горе
|
|

Темплум,
2005
150 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Маргарет Етвуд - ПРОЛЕТНАТА ПЕСНА НА ЖАБИТЕ
Расказите од Пролетната песна на жабите блескаат со живата
карактеризација на ликовите и возбудливо раскажаната приказна.
Етвуд ни нуди импресивен каталог од различни ликови. Без
разлика дали станува збор за расказ во кој вешто е портретиран
стравот на жената која се плаши дека ќе го загуби мажот или за
раскази за мажи и жени кои се обидуваат да ги спасат своите
изгубени врски и да изградат нови, текстовите имаат тон на
прераскажани бајки, приказни што архетипски се вкоренуваат во
сеќавањето. Задоволството што нејзините раскази го нудат е
задоволство на составување мозаик од фрагментарно раскажани
приказни со изненадувачки пресврти и необични ликови.
Маргарет Етвуд ги сложува визуелните, звучните и тактилните
настани во толку остар, изненадувачки јазик, што нејзините
слики прскаат на секоја страница.
Washington Post
Маргарет Етвуд навидум нуди мало шише парфем, за кое подоцна
откривате дека е Молотов коктел.
Melvin Medoks |
|
35 горе
|
|

Темплум,
2005
96 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Иван Додовски - ГОЛЕМИОТ КУФЕР
Расказите на Иван Додовски се истражување на човечката
егзистенција во преломно време на конкретен простор. Низ
призмата на сегашниот миг се прекршуваат и минатите времиња,
па често времето на транзицијата е точка во која се сечат
линиите на надежите на револуцијата, разочарувањата на
четириесет и осмата, живее-њето и преживувањето во периодот на
социјализмот. Низ расказите дефилира галерија ликови што
авторот ги портретира гротескно и хиперболично, онеобичувајќи
ги така нивните судбини. Ликовите секогаш се во сооднос со
моќта (сфатена на начин на кој за неа пишува Мишел Фуко), но
дури и кога ù се спротивставуваат, тие се однесуваат според
правилата што таа ги пропишува, станувајќи дел од нејзината
машинерија.
Прозата на Додовски е обли-кувана со вешто користење на
јазикот, со богатство на лекси-ката и со виртуозно поигрување
со реченичниот ритам.
Естетското рамниште на раска-зите од Додовски им обезбеду-ва
важно место во новите текови на македонската проза.
Гоце Смилевски |
|
34 горе
|
|

Темплум,
2005
158 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Дино Буцати - ДЕВОЈКАТА ШТО ПАЃА
Осумнаесетте раскази од Девојката што паѓа го прикажуваат
Буцати во најдобро светло - станува збор за моќни приказни, во
кои доминираат апсурдот и црниот хумор, фантастиката проткаена
со меланхоличен лиризам. Авторот е опседнат со светот на
непознатото, кој најчесто добива застрашувачки димензии.
Во овие раскази доминира традиционалниот тек на раскажување,
но фантастичното, бајковното, чудесното, ужасното,
метафоричното, симболичното и алегориското поместување
доведуваат до создавање позиција од која неговиот поглед,
секогаш чувствителен за она што се наоѓа под видливото,
создава сатиричен однос кон силите кои имаат тенденција да ја
поедностават стварноста.
Буцати отворено истакнува дека неговиот интерес за
литературата се движи кон таканаречената “црна” литература,
кон приказните за духови, мистерии, светот на страшното и
навидум невозможното. |
|
33 горе
|
|

Темплум,
2005
110 стр.
цена 180
ден
нарачај |
Нина Берберова - Клавирска придружба
„Најмногу ми лежеше новелата, долгиот расказ”, ќе рече во едно свое интервју најценетата руска задгранична писателка, Нина Берберова. Според доследната изјава на Михаил Синелников дека „литературата и традицијата на ’сребрениот век’, прекинат од болшевичката револуција беа зачувани само од неколку луѓе во рамките на руската емиграција”, на Нина Берберова треба да
ù се додели приматот на единствена златна жица-спроводник на севкупната руска книжевност во целиот 20 век. Проживувајќи безмалку 100 години, од 1901 до 1993 година, во своите 68 години странствување се запознава со најистакнатите писатели на руската емиграција на изминатиот век - Бунин, А. Бјели, Мерешковски, Цветаева, Пастернак, Набоков, Еренбург, Шмељев, Бродски и многумина други, и по проценките на Феликс Медведев останува единствената која „ги соединува сите нивни реченици со единственото перо на генијот Набоков”.
Објавувањето на новелата Клавирска придружба (1934) на француски јазик има пресвртна улога во нејзиното творештво и предизвикува широк читателски интерес за нејзиното дело. Според оваа новела францускиот култен режисер Клод Милер во 1992 година го сними филмот L'Accompagnatrice.
|
|
32
горе |
|

Темплум,
2005
112 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Нина Берберова - Трска што мисли
Берберова е чудна писателка. Мајстор на долгиот расказ, таа често е споредувана со Тургењев и Чехов. Нејзиниот специфичен лиризам, емоционалната мудрост и воздржаниот прецизен стил дури и на нејзините покуси раскази им обезбедува целосен, романескен живот.
The Boston Book Review
Нина Берберова во вас поставува малечок спакуван цвет, кој по некое време ќе се отвори за да ве отруе: чудото на нејзината литературна техника се состои во постојаните парадокси, во острата нежност, срдечната зла волја, тврдоглавото обесхрабрување.
The New Observer
Јазикот на Берберова е класичен и лиричен. Нејзините слики и описи се незаборавни. Берберова го прикажува страдањето на своите женски ликови со лиричен интензитет.
The Review Of Contemporary Fiction
Блескав, трагично прекрасен автор способен да создаде незаборавни ликови... Возвишено.
Los Angeles Times
|
|
31
горе |
|

Темплум,
2005
154 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Иштван Еркењ -
Едноминутни
новели
Иштван Еркењ (1912-1979) е еден од најзначајните унгарски писатели од втората половина на дваесеттиот век. Едноминутните новели се неговата најпопуларна книга. Оваа книга има доживеано толку многу изданија што во Унгарија “едноминутната новела” се третира како посебен жанр.
Користејќи ја гротеската и апсурдот Еркењ упатува на она што е апсурдно на глобален план, обидувајќи се да ги открие причините поради кои поединецот се помирува со апсурдноста, со самото тоа станувајќи и нејзин соучесник.
Популарноста на овие куси раскази произлегува од способноста на авторот со анегдотска лежерност да создаде надреална атмосфера во која се мешаат црниот хумор, апсурдот, параболата, политичката сатира...
Минималистички прецизен во својата концизност, Еркењ со Едноминутните новели создава раскази кои можат да се споредат со најдобрите текстови на Данил Хармс и Амброуз Бирс.
|
|
30
горе |
|

Темплум,
2005
продадена
176 стр. |
Хулио Кортасар - Остров на пладне
Остров на пладне е збирка раскази што нуди прецизен пресек на раскажувачкото творештво на аргентискиот мајстор на книжевната фантастика од втората половина на дваесеттиот век.
Расказите на Кортасар истовремено се и реалистични и фантастични. Односно, фантастичното произлегува од некоја сосема реалистична ситуација, од некоја секојдневна епизода што се случува меѓу обични луѓе.
Затоа една од главните идеи што се провлекува низ неговата книжевност е убедувањето дека е невозможно да се раздвои “реалното” од “нереалното”. За Кортасар фантастичната книжевност не е само откривање на непознатото, туку и начин да се нагласи кршливоста на човекот кој не може да се спротистави на ирационалното што демне зад секој агол. Затоа, според Кортасар, фантастичната книжевност е една од формите на сознание кои отвораат пристап во мрачните области скриени во обичното секојдневие.
Во расказите застапени во оваа книга доминира принципот “уживање во приказната”. Сето тоа комбинирано со специфичната способност на авторот да го измеша интелектуалното со еротското, таинственото со парадоксот, предизвикува Кортасар да се чита како неповторлив маг на прозното творештво.
|
|
29
горе |
|

Темплум,
2005
176 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Адам Хаслет - ТИ НЕ СИ
СТРАНЕЦ ТУКА
Првата збирка раскази на Адам Хаслет, Ти не си странец тука, доживеа неверојатно добар прием прво во Британија, каде што се појави во 2002 година, а потоа и во Америка. Книгата влезе во најтесниот избор за Пулицеровата награда и доби признание од Њујорк Тајмс за најзабележителна книга на годината. Ова се само дел од пофалните зборови за дебито на Хаслет:
“Со чеховска воздржаност и сочувство Хаслет ни ја доловува животната тага, како и храброста неопходна да се соочиме со страдањето... емоциите...”
The Boston Globe
“Хаслет поседува инстинктивна емпатија за своите ликови и способност нивниот внатрешен живот да го наслика со запрепастувачко чувство за детаљ; поседува и дарба за раскошна, возбудлива проза, како и решителност да проникне во скриената аритметика на меѓучовечките односи.”
The New York Times
“Фасцинантно... Хаслет е елоквентен, прецизен минујатурист.”
The New Yorker
|
|
28
горе |
|

Темплум,
2005
356 стр.
цена 370
ден
нарачај |
Итало Калвино - АКО ЕДНА
ЗИМСКА НОЌ НЕКОЈ ПАТНИК
Ако една зимска
ноќ некој патник е клучниот пост-модернистички роман кој ги надминува границите
на постмодернизмот! Всушност, тоа е особина на сите големи дела: издвојувајќи се,
да го обележат времето во кои настанале и да трасираат нови креативни модели.
Овој делумно
експериментален роман (составен од десетици започнувања на романи!) е еден вид калеидоскоп
при чие вртење се читаат сите негови меѓусебно прекршувачки слоеви-приказни. Втората
аналогија може да биде скапоцениот камен, кој е составен од десетици мазни мали
површини, фасети, како низа мали прекршувачки лица кои составуваат чудесновишен
портрет...
Играта, комбинаториката,
улогата на читателот, постмодернистичката идеја за литературата како допишување
и натпишување, сите овие елементи, мајсторски вклопени во необичната и на моменти
вџашувачка обединувачка приказна, го градат скелетот на овој роман кој останува
меѓу најзначајните литературни дострели во втората половина на 20 век.
|
|
27
горе |
|

Темплум,
2005
112 стр.
цена 180
ден
нарачај |
Ден Роудс - АНТРОПОЛОГИЈА
Првата книга на современиот британски писател, Дан Роудс, е интересен концептуален прозен експеримент. Збирката содржи 101 расказ, секој составен од 101 збор. Формалното правило секој расказ да има 101 збор (ова правило е задржано и во преводот на македонски јазик) на книгата
ù обезбедува хомогеност на стилски многу прецизно изведено дело.
Лесни за читање, забавни, а сепак обоени со длабока тага заради минливоста на нештата, овие прозни хаикуа со траги-комична иронија и горчлив хумор прикажуваат низа варијатни во кои може да се оствари љубовта. Распонот на формите во кои е прикажана љубовта е многу широк. Сепак, Роудс најчесто се интересира за крајните точки меѓу кои можат да осцилираат емоциите на човекот: параноидни фантазии кои стануваат реалност, мазохистичка вљубеност во другиот, сурова нетрпеливост кон љубовникот, невообичаено голема посветеност која преминува во понижување, претерана наивност и доверба во другиот...
Ваквата мрачна визија за меѓусебните односи станува интересна за читање заради способноста на Роудс преку корозивната смисла за хумор да ја релативизира секоја од раскажаните ситуации.
|
|
26
горе |
|

Темплум,
2005
176 стр.
цена 210
ден
нарачај |
Арсениевиќ/Зограф - ИШМАИЛ
Дејноста на пишувањето, токму како и цртањето стрипови, обично настануваат во осаменоста, во приватноста на собите и во студијата каде што не сакате некој да се метка (во почетокот на дваесеттиот век стрип цртачите работеа во канцелариите на весниците и списанијата, но тоа веќе е некаква праисторија). Додека ги цртам своите стрипови, оваа монашка атмосфера воопшто не ми пречи. Напротив. Меѓутоа, мислам дека повремено е корисно рутината да се разбие на креативен начин. Затоа сметам дека е освежување ако дојдам во шанса да учествувам во некој заеднички проект или инспиративна соработка.
Добив впечаток дека таква можност е понудата која ми стигна преку пријателот од Париз - стрип цртачот Тиери Гитар и неговата жена Мириана Мислов беа меѓу авторите застапени во едицијата на “мрачната” литература која се вика Black Is Beautiful, на малиот андерграунд издавач од Марсеј. Серијата книги објавени во оваа едиција навистина е нешто посебно - станува збор за експеримент кој спојува по еден цртач и по еден писател. Цртачот најпрвин го креира цртежот, кој треба да биде инспирација за писателот врз основа на тоа да напише “noir” приказна. Кога ќе ја заврши приказната, писателот целиот материјал одново му го враќа на цртачот, кој текстот го илустрира со серија цртежи. Сето тоа на крајот се објавува во книга, печатена со црна боја на црна хартија! Станува збор за мошне интересни изданија кои се забавни и за читање и за разгледување.
Откако Тиери и Мириана ми предложија да учествувам во изработката на новото Black Is Beautiful издание, и кога требаше да најдам писател со кој би можел да соработувам, се сетив на стариот познаник, Владимир Арсенијевиќ. Неговите романи се преведени на француски јазик, така што немаше потреба од дополнително објаснување за француските пријатели. Сè беше договорено во многу кус рок.
|
|
25
горе |
|

Темплум,
2005
150 стр.
цена 210
ден
нарачај |
THE ONION - Сатирични приказни
Секој што сурфал на интернет во потрага по добра шега, ќе ја разбере сета благодарност која фановите му ја посветиле на The Onion изразена со зборовите: секакво ѓубре има на мрежата... но кога најмалку се надевате го откривате The Onion, „најдобриот американски извор на вести" што ќе ве насмее до солзи преско-кнувајќи ги сите шминкања и нарекувајќи ги работите со нивното вистинско име. The Onion во печатена форма излегува над петнаесет години, но последниве четири-пет години е главен сатиричен извор на забава на интернет. Може да се рече дека е вулгарен, нечувствителен, сексистички, против папата, а понекогаш и претерано навредлив, но за разлика од своите конкуренти на интернет, е исплатливо забавен. Секако, истото мислење го делат и неговите претплатници. Но, за оние несреќници кои мислат дека написите на The Onion се вистински вести, приказните објавени во списанието може по малку и да нагорчнуваат.
|
|
24
горе |
|

Темплум,
2004
472 стр.
цена 450
ден
нарачај |
Владимир Набоков - ЛОЛИТА
Единствената убедлива љубовна приказна на дваесеттиот век.
Vanity Fair
Жестоко лирично и незауздано комично.
Time
Набоков пишува проза на единствениот начин на кој таа треба да се пишува - екстатично.
Џон Апдајк
Лолита покажува дека уметникот, ако е доволно вешт, може да ги опише сексуалните ексцентричности или која било наизглед забранета тема на начин кој може да ги направи барем прифатливи за читателот, а можеби дури и да го наведе читателот да ја види убавината во нивните описи.
Џон Старк
Поврзувањето на чувството за хумор со чувството за ужасно создава сатира од специфичен вид во која порокот или глупавоста не се прифаќаат толку многу со презир колку со чувство за длабока поразеност и трагична симпатија...
The New Yorker
|
|
23
горе |
|

Темплум,
2004
92 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Анри Мишо - ВО ЗЕМЈАТА НА МАГИЈАТА
Несомнено е дека и книшката Во земјата на магијата (Au pays de la magie, 1941) би можела да се разгледува како интегрален елемент од проектот на „фантастичната етнологија” на визионерот Мишо. Не е случајно што во 1948 година Мишо ја објавува Во земјата на магијата заедно со Патувањето во Голема Гарабања (Voyage en Grande Garbagne) и Tuka e Podema (Ici Poddema) меѓу кориците на изданието под наслов Другаде (Ailleurs), затоа што со тоа и самиот ја потврдува не само сродноста на овие три поетски авантури - да се патува и да се престојува другаде - туку и експлицитно ги третира како еден вид патеписно-дневнички скици од неговите „патувања, на кои единствено им недостигаат точни датирањаш”. Притоа, во предговорот на Другаде, Мишо потенцира дека во сите три „земји престојувал” по речиси две години и се чувствувал „многу поопуштено отколку во Европа”. Впрочем, колку и да изгледа парадоксално, едно од доминантните расположенија на нараторот во Земјата на магијата е антиномичниот спој на страв, вџашеност, вчудовиденост, вознемиреност, беспомошност и фрустрираност од една страна, но и силна носталгија, од друга страна, по она што го доживеал во таа чудесна земја, во која најпластично е доловена „необичноста на природните нешта и природноста на необичните нешта” за која говори Андре Жид во својата позната книга Да го откриеме Анри Мишо (1941). Преку прошетката низ земјата на магијата, нараторот ни опишува цел еден имагинарен, дотогаш сосема непознат универзум во кој владејат други физички и морални закони, други навики и обичаи, друг начин на размислување и чувствување, други правила на игрите и други вредносни системи, со што Мишо имплицитно и (авто)иронично го артикулира и неговиот длабок скептицизам кон нашата цивилизација.
* * *
Како повеќето книги на Мишо, така и текстовите од Во земјата на магијата се противат на сите обиди за строго жанровско дефинирање. Со прецизноста на изразот некои пасажи напати потсетуваат на антрополошки, етнографски или природнонаучни записи, со свежината и животноста на импресиите и чувствата - на патеписни скици или на дневнички белешки, со илузионистичката сугестибилност - на она што денес се нарекува трип-литература, со загадочната, бизарна и црнохуморна атмосфера - на визуелните ефекти на надреалистичкото сликарство, со елиптичните дескрипции и неочекувани пресврти - на куси прозни фрагменти, а со шокантноста и непредвидливоста на асоцијативните нишки на поетските слики - на чиста поезија. Во овој контекст, во врска со трите книги што ја сочинуваат Другаде, најголемиот афирматор и приопштувач на делото на Мишо во македонската книжевна средина, Влада Урошевиќ, со право потенцира дека тие „се секако најфантастичните книги во современата светска поезија, ненадминати во слободата на фантазијата со блесок на изненадата на секоја страница (...) Мишо во овие книги - но и во деловите од другите - измислува цели земји, нивни истории, раси, обичаи, династии, флори, фауни - сé до најситните инсекти”.
Оттука, како поетско сведоштво за патувањето и средбата на Мишо со една од неговите „имагинарни цивилизации”, Во земјата на магијата би можела да биде извонредно податливо четиво од имаголошки ракурс. Слично како и во Варварин во Азија, средбата со другите (во овој случај со жителите од имагинарната земја на магијата) во овој текст за нароторот постојано е можност да ја согледа својата (духовна) инфериорност, неретко чувствувајќи се како еден вид варварин: светот што го опишува го изненадува и го застрашува на секој чекор, а магиските способности на Волшебниците уште повеќе ја зголемуваат неговата љубопитност и порив да продре во нивните езотерични тајни, кои сепак до крајот му остануваат недостапни, така што авторот дури е и прогонет од земјата на магијата. Сепак, моќта на Мишо, на тој волшебник на зборот, се манифестира во способноста да (ре)конструира цел еден автономен свет само со помош на јазичниот медиум. Оттука, како што по секое патување патникот не е оној истиот од пред тоа, така и по патувањето низ фантазмогоричните пространства на земјата на магијата - по затворањето на кориците - ни читателот не е истиот од пред тоа.
|
|
22
горе |
|

Темплум,
2004
148 стр.
продадена |
Бруно Шулц - ПРОДАВНИЦИ СО БОЈА НА ЦИМЕТ
Бруно Шулц е еден од најголемите
магови во прозното исцртување на стварноста, и тоа оинаква каква што нè
демне зад аголот на нашето наоблачено секојдневие кое е затскриено во затапените сетила.
Фантазијата на Бруно Шулц е дива, слободна речиси до автоматизам во синтаксички
вообличената перцепција. Станува збор за стварност во која сништата со ништо не се
јасно разграничени и одвоени од јавето. Шулц во експозето за неговата најпозната книга
раскази Продавници со боја на цимет вели: „Авторот мисли дека не е можно да
се досегне најдлабокото дно на биографијата и конечниот облик на судбината со
опишување на надворешниот тек на животот, ниту со психолошка анализа, без разлика
колку таа длабоко понира. Суштинските карактеристики на човечкиот живот се наоѓаат
во сосема поинаква димензија на духот, не во категоријата на фактите, туку
во духовната смисла.“ Ова е прв превод на македонски јазик на еден од најзначајните
полски писатели меѓу двете светски војни. |
|
21
горе |
|
Темплум,
2004
192 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Томас Пинчон - ТАЈНАТА ИНТЕГРАЦИЈА
Томас Пинчон (1937) е еден од
најважните и истовремено највлијателните писатели во Америка од втората
половина на 20 век. Тој ќе остане запаметен како еден од авторите кој во
последните четриесеттина години даде значителен поттик за многу нови книжевни
експерименти - од постмодернизмот, хиперлитература, па до киберпанкот. Пишувајќи
книжевност која се сфаќа како мозаик и игра, како бескраен лавиринт од можности
за толкувања. Пинчон ги структурира своите текстови во форма на комплицирани загатки
чија смисла никогаш до крај не може да се дефинира, ниту исцрпи. Бескрајното
умножување на светот и претставите за него, метафората на мрежата, комбинација на
црниот хумор и фантазијата со цел да го наслика човечкото отуѓување во хаосот на
модерното општество, се само некои од основните „елементи“ што го дефинираат неговото
творештво. |
|
20
горе |
|

Темплум,
2004
300 стр.
цена 300
ден
нарачај |
Патрикт Зискинд - ПАРФЕМ
По своето објавување
во Германија, 1984 година, романот Парфем веднаш станува
интернационален бестселер. Сместен во Франција од 18 век,
Парфем ја раскажува необичната и застрашувачка приказна за
Жан Баптис Гренуј, еден лик кој колку што е фасцинантен
толку е и одвратен. Самиот роден без никаков мирис, но
надарен со невообичаено развиено сетило за мирисање, Гренуј
станува опседнат со идејата да создаде совршен парфем што ќе
го направи целосно човечен.
Големиот англиски предромантичар Вилијам Блејк има кажано
дека патот на претерувањето води во замокот на мудроста. Се
чини дека оваа забелешка ги (де)кодира и контекстуализира
начините, мотивите, психолошките нијанси во дејствувањето на
главниот лик во романот. Овој лик во кого се обединети
генијалноста, опсесијата и суровоста е одлична метафора за
„подземните” аспекти на Векот на просветленоста.
Да не зборуваме за другите аналогии што ги разбуди овој
морничаво провокативен роман: ликот на Гренуј може да се
толкува, на пример, и како еден дијаболичен лик на
популист-заводник, кој предизвикува обожување манипулирајќи
со најприземните животински инстинкти на човекот. Низ едно
политичко читање, значи, Парфем може да се сфати дури и како
одредена варијанта на антиутописки роман.
Со брилијантна умешност на раскажувач кој суверено ја владее
материјата, пред сè демонстрирајќи извонредно познавање на
парфимериската технологија за која пишува прецизно и мошне
поетично, но едновремено суптилно сликајќи ја
предреволуционерната епоха, Зискинд во прв план сепак го има
истражувањето и опишувањето на вознемирувачкиот внатрешен
универзум на еден на сосема исчашен начин опседнат човек.
Иако во текстот, значи, се измешани неколку наративни нивоа
и разни значењски слоеви, сите тие беспрекорно се
обединуваат во ликот на Гренуј низ кој се рефлектираат
многубројните елементи на хумор, гротеска и хорор. Во
романот за светот перцепиран преку сетилото за мирис,
Зискинд успева да креира детална, целосно реализирана слика
за еден получовечен убиец кој делува речиси симпатично. |
|
19
горе |
|

Темплум,
2004
192 стр.
продадена |
Приказни за смртта и љубовта -
мала антологија
Книгава во вашите
раце е избор од расказите објавувани во списанието Маргина
изминативе десет години. На некој начин, книгава е и
одбележување на десетгодишнината на тоа, за нас важно,
списание, во голема мера посветено на преводната литература.
Иако последниве години Маргина повеќе е ориентирана кон
теорија отколку кон проза, сепак е факт дека во списанието
досега се објавени над сто раскази, и од странски и од
домашни автори. Во два наврати, на пример, беше
претставувана современата британска проза, во неколку броеви
обемно беше претставен американскиот современ расказ, па
полскиот, рускиот, чешката авангарда, германските
експресионисти, скопските раскази итн. Да не ги спомнуваме
многубројните поединечни автори, од кои некои беа
претставувани во повеќе наврати и низ цели тематски блокови
(Набоков, Пинчон, Гибсон, Кортасар, Хармс, Селин итн.).
Од тој респектибилен книжевен фонд, значи, за оваа пригода
решивме да избереме десет раскази, од пет авторки и пет
автори. Иако мала по обем (всушност целава едиција на некој
начин е димензионирана минималистички, и од идејни и од
економски причини, така што се трудиме понекогаш недоволниот
квантитет да го надополнуваме со вжарено густ, токму
магматичен квалитет) книгава претставува, или ние се
обидовме да претставува, мала сигнификантна антологија на
светскиот расказ која, меѓу другото, изнесува и некои,
според нас, важни тенденции во современото светско прозно
творештво.
Некои од тие тенденции се обидовме да ни бидат и критериуми
за избор; се трудевме, на пример, избраните раскази да бидат
игриви и заводливи, но и субверзивни и преиспитувачки во
однос на општите места или општите теми. Се трудевме, значи,
и во тематска смисла (стилската иновативност се подразбира)
расказите што ќе ги претставиме да бидат провокативен и
храбар исчекор напред. |
|
18
горе |
|

Темплум,
2004
144 стр.
продадена |
Владимир Набоков - ПОСЕТА
НА МУЗЕЈОТ
Повеќето од своите
раскази (53 на број) Набоков ги напишал на руски јазик и ги
објавувал во периодичните емигрантски публикации, а потоа и
во три засебни книги: Враќањето на Чорба, Набљудувач
и Пролетта во Фиалта. Речиси сите раскази подоцна се
преведени и на англиски и објавени во четири книги, од кои
две користевме и ние.
Оваа книга всушност е второ издание (плус еден расказ) на
книгата што во само 200 примероци ја објавивме пред десет
години.
Книгава е збогатена и со белешките на Набоков, подоцна
напишани за да ги придружуваат англиските преводи на
расказите. Иако фиктивни, расказите во голема мера се
потпираат на она што во емигрантскиот живот му се случувало
на авторот помеѓу 1924 и 1940 година, и во таа смисла тие се
уште еден прилог кон вечната тематска преокупација на
Набоков: сеќавањето.
За Набоков сеќавањето не само што е одбрана од заборавот и
смртта туку е и фасцинантна поетска постапка во која чудесно
се мешаат сетилните надразби создавајќи еден неверојатен
лавиринтичен свет, сиот во синестезии, симетрии и
искривувања.
Еве што вели Албахари за "симетриите" кај големиот руски
автор: "Кога ќе се обидам да го пронајдам зборот кој
најдобро го опишува прозното дело на Набоков, не се решавам
за лавиринт, музеј или огледало, иако тие зборови се клучни
за нашето разбирање на постмодернизмот. Зборот со кој во
себе го заменувам зборот 'Набоков' е симетрија, но не онаа
едноставна, централна или огледалска, туку сложената,
дијамантска, која едновремено се случува во безброј рамнини
и во која привидната асиметричност подоцна се покажува како
совршена симетрија. Чувството на Набоков се протега од
поединечните зборови, во кои значајна улога игра и неговото
чувство за синестезија, преку фразите и целите реченици, сè
до целокупната структура на прозното дело, во која
внимателниот читател може да пронајде неколку оски или
рамнини на симетријата". |
|
17
горе |
|

Темплум,
2004
170 стр.
продадена |
Скопски раскази - мала антологија
Во еден расказ на
Аполинер, необичниот барон Ињес'д Ормезан измислува нова
уметност - амфионија. Според него, инструмент на таа
уметност и нејзин предмет е градот. Александар Јерков,
составувачот на двотомната Антологија на белградски раскази
говори за урбаната имагинација врежана во книжевните дела
како за израз на т.н. урбофилија. Сеедно дали ќе се
определиме за терминот амфионија или предност ќе му дадеме
на терминот урбофилија; суштината е иста. Станува збор за
еден ист мотив кој извира од топлото чувствување на Градот,
виден преку перото на уметникот на зборот, можеби само од
него и од никој друг. Оттука, кога се прави антологија на
раскази врзани за еден град, на пример Скопје, неминовно
како дилема се наметнува онаа голема тајна на литературата
која гласи: "Каде престанува измисленото, а почнува
стварното?"
Своевиден излез од лавиринтската заплетканост во сета
сложеност на ова прашање наоѓаме во еден запис на Влада
Урошевиќ кој датира од 1965 година. Во него читаме:
"Напоредно со градот живее неговиот двојник во зборот,
неговата книжевна сенка... Градот не е конечен во она што е
неговиот материјален податок... Неговата друга димензија,
онаа што се крие во зборот кажан за него, откако ќе и' се
додаде на неговата слика на материјалното постоење, го прави
вистински жив, духовно богат, способен да и' се противстави
на минливоста која постојано му се заканува на неговиот
навидум цврст материјал... Зборот веќе се споил со каменот,
визијата станала дел од градот... Би ни успеало ли да
стигнеме, водени од моќта за сеќавање, до една слика на овој
град каква што не постои во колекциите на разгледници
зачувани по музеите, но која сепак е вистинита?"
Скопските раскази ја имаат токму таа цел: на читателот да му
ја понуди книжевната карта на Скопје. Секако дека при тоа не
мислиме на далечните летописи од времето на географот
Птоломеј, а и пред него, во кои за првпат се споменува
Скопје, тогаш Скупи, како центар на Дарданија. Ниту пак,
имаме намера да ги регистрираме латински-те записи,
различните патеписи или бројните хроники кои известуваат за
освојувањата на градот, како ни сè она што е напишано по
повод катастрофалниот земјотрес од 1963-та... Тоа не значи
дека сите позначајни датуми од повеќевековната историја на
нашиот град нема да ги сретнеме низ страниците на оваа
книга, туку дека тие, ако ги има, тогаш се во функција на
книжевно - уметничката вистина и ги задоволуваат основните
критериуми на книжевниот облик - расказот. |
|
16
горе |
|

Темплум,
2004
80 стр.
цена 150
ден
нарачај |
Давид Албахари - НЕОБИЧНИ ПРИКАЗНИ
Давид Албахари
постигнува да биде апстрактен во Интимата и интимен со
Апстракцијата. Тоа е платонски идеал. И, тука, во Необичните
приказни тој идеал станал читлив преку посветен љубовен
однос спрема сопственото писмо.
Соочувана со агорофобија на саатчија и со клаустрофобија на
астроном, во опсерваторијата на Давид Албахари, естетската
посветеност се вообличила во инструмент со кој
раскажувачката диоптрија се бруси сè до еден интимен тон,
кој е, едновремено, и апстрактен/универзален и мошне
личен/исповеден, медиум. Тоа е фокус на уметноста. Всушност,
таа диоптрија е онаа префинето тенка, напната
протоплазматична мембрана која, како што вели нараторот веќе
во воведот од Проѕирност на нештата на Владимир
Набоков, без доволно внимание и вештина да се оди по неа, се
прекинува, и потем се тоне во длабочини од кои тешко се
изнурнува неизменет. Со таа мембрана трепери воздухот
вжештен од проѕирно чистиот, блед, алкохолен пламен на
хемиските опити. Во тие сфери човекот не е картезијански
поделен на тело и дух само за да се овозможи исклучиво
веристичка, разумска и разумна класификација на животот.
Тука одживеаното балансира врз нишка мистика, односно,
искуството прави и телото да размислува со здивот на секоја
пора, и духот да крвари, упорно удирајќи со глава во
непробојните прозорци на контемплативната мисла; оној дух,
јасно а кобно соочен со совршената бистрина на тие прозорци
исчистени со шпиртот на филозофските поими, а едновремено,
заслепен, оти очите солзат од пречувствителност.
Елиптичните реченици на ова писмо и плеќите на тој што ги
пишува, обременети се како врв од трска која за јадицата на
прашалникот закачила некоја длабока немост што лежела во
милот на свеста, и срполики се исто како и клепката врз
окото што ги сонува. А потем, будно, зјапнати во проѕирноста
на нештата, пак нè враќа назад, меѓу ококорените риби. |
|
15
горе |
|

Темплум,
2004
170 стр.
цена 220
ден
нарачај |
Чарлс Буковски - Љубов за 17 1/2 долари
Книгата Љубов за
17 1/2 долари од Чарлс Буковски претставува антологиски
избор од расказите на познатиот американски писател. Изборот
е на Владимир Јанковски и Марко Петрушевски, кои заедно со
Димитар Самарџиев се и преведувачи на книгата.
Наспроти големиот светски успех - кој не беше само книжевен
бидејќи Буковски стана ѕвезда и во погенерална смисла -
интересно е што тој остана една од поиздвоените и
поосамените фигури во современата светска литература, па и
уметност воопшто. Тој никогаш не припаѓал на каква било
книжевна група која низ заеднички идеи и цели полесно би го
привлекла вниманието на публиката, иако често го доведувале
во врска со духовните современици, поетите на американската
бит (Беат) генерација. За разлика од познатите битнички
автори кои наместо поезија често нудеа утописки претстави за
личното и колективно спасение, Буковски немал илузии од тој
тип. Еве што вели во едно од своите писма: “Конечно, сите
наши зборови се празни, да бидеме реални... Што можеме да
направиме? Не многу. Можеби толку за да бидеме малку
посреќни од другите? Потребни ни се малку лудост и радост
пред да нè најдат укочени во некој уличен агол или во
собата... Страшно се растажувам кога ќе помислам колку сме
ограничени. Но, со што, всушност, би можеле да ја споредиме
својата ограниченост? Нема помош.”
И на гробот на Чарлс Буковски, впрочем, врз големото парче
црн мермер издлабени се слични штури зборови како негова
порака: “Не се обидувај.”
Буковски не криел дека целиот живот го опседнувале само две
нешта: пиењето и жените. Но, низ опседнатоста со тие два
мотива, се создава цел еден книжевен универзум.
На македонски Буковски досега не е преведуван, иако еден дел
од читателите во нашата средина ги знаат неговите дела пред
сè низ преводите на неговата проза на српски и хрватски. Се
надеваме дека преводов на петнаесетина негови избрани
раскази ќе го поттикне понатамошниот успешен прием на
Буковски во Македонија.
Книгата има 170 страници, нејзината продажна цена е 200
денари, а во просториите на издавачката куќа Темплум
можете да ја набавите за 150 денари. |
|
14
горе |
|

Темплум,
2003
88 стр.
цена 180
ден
нарачај |
Хулио Кортасар - ПРОГОНУВАЧОТ
Новелата Прогонувачот претставува еден вид крстопат меѓу
фантастичните раскази на Кортасар и неговиот најважен роман
Плочка.
Посветена е на џез музичарот Чарли Паркер. Елементите од
животот на познатиот џезер се искористени за да се креира
ликот на Џони Картер.
Потрагата по идентитетот на другиот, недопирливоста на
другиот, прашањето за тоа до кој степен можеме да го
“освоиме” другиот... - се централни теми во овој текст.
Потрагата како основна тема се пресликува на две нивоа:
потрагата на Џони да се најде и открие преку сопствената
музика и обидот на новинарот Бруно, составувачот на
биографијата за Џони, да го открие генијалниот музичар и да
го заокружи неговиот идентитет. Амбивалентноста на вака
поставената кортасаровска ситуација можеби најмногу се
покажува низ животната недоумица на самиот Џони Картер – не
е јасно дали тој е прогонувачот или “прогонетата ѕверка”.
Затоа овој текст може да се чита и преку перспективите на
омилената тема на Кортасар – двојникот. Иако во овој случај
не станува збор за фантастичен расказ во кој ликовите ги
сменуваат улогите и влегуваат еден во друг, Џони Картер и
Бруно можат да се набљудуваат како два пола на исто нешто,
два дела на една паричка, јинг и јанг... Во еден миг Бруно
ќе се исплаши дека ако продолжи да зборува би можел повеќе
да пишува за себе отколку за “субјектот” на неговиот
интерес, нешто што секоја “биографија” го носи како еден вид
стапица. Во тоа се состои и прашањето за “потрагата” (уште
една доминанта во творештвото на Кортасар. Роиманот Плочка
почнува со таква ситуација – Оливеира се прашува дали ќе ја
пронајде Мага?): Џони Картер трага по нешто што самиот не
може да го дофати, нешто што постојано му “бега”.
Истовремено Бруно трага по Џони Картер кој, исто така,
постојано “бега”, се извлекува и менува пред окото на
човекот кој треба да го заокружи, “напише” во една книга. На
тој начин, “трагачот” Џони станува цел на една друга
“потрага”, онаа на Бруно. Во обидот да го напише, дополни,
натпише, доврши, фати, заокружи идентитетот на Џони, Бруно
сфаќа дека сè е само обид, другиот никогаш не може да го
освоиме, туку единствено што можеме да направиме е да му се
доближиме. |
|
13
горе |
|

Темплум,
2004
108 стр.
цена 200
ден
нарачај |
Горан Стефановски - КОНЗЕРВИРАНИ ИМПРЕСИИ
Кусите прозни цртички објавени во оваа необична книга досега
биле објавувани во списанието Разгледи, во периодот
од 1974 година до1980 година. Последните триесеттина се
пишувани меѓу 1980 година и 1983 година и досега не се
објавувани
Конзервирани импресии на Горан Стефановски е книга
која покажува како едновремено е можно да се биде и збиен и
прониклив, и зенитистички мудар и интелектуално остар, и во
почвата и вон неа.
Се чини дека искусниот дебармаалски џентлмен ни ја
демонстрира најтешката литературна вештина: да не се биде
чаталџија, т.е. едновремено да се биде аптекар, златар и
хирург, според чистотата, прецизноста, финотијата и
одмереноста на зборовите.
Без премногу психологија, реторика и украси (со што, за жал,
изобилува нашата литература) и речиси без неумоливиот порив
да се биде допадлив - Конзервираните импресии, пред
сè со својата јазичка/мисловна минуциозност, ја враќаат
македонската литература во некои посериозни води, каде што
одговорноста пред изречениот збор и одговорноста пред себе е
најврвно поетичко начело.
Како да ги дестилира најдобрите особини на неговите драми,
Стефановски со Импресиите отвора ново поле за јазично
уживање, за толкување на неговиот ракопис, но и ново поле за
целокупната наша литература. |
|
12
горе |
|

Темплум,
2004
96 стр.
продадена |
Владимир Набоков - НАБЉУДУВАЧ
Краткиот роман Набљудувач е преполн со
изненадувања дури и за читателот кој добро ги познава и
другите дела на Набоков. Историјата на своето самоубиство и
на „живототњ по смртта во прво лице ги раскажува ликот
Смуров.
Смуров истражува дали воопшто умрел. Тоа го проверува врз
себе, се шпионира себеси и светот околу себе, а всушност ги
шпионира плодовите на својата мртва фантазија. Тој
новооткриен свет е полн со загатки, хумор и со
неповторливата раскошна интелектуалните конструкции на
Набоков. |
|
11
горе |
|

Темплум,
2004
134 стр.
цена 200
ден
нарачај |
Данил Хармс - СЛУЧАИ
Во круговите на руската уметничка авангарда Данил Хармс
(1905-1942) се појавува кон средината на дваесеттите години
и речиси веднаш зазема едно од челните места. Извонредно се
снаоѓал во сите книжевни жанрови, но многу често ги
пречекорувал жанровските и формалните граници, доживувајќи
го „пишувањето како празникњ.
Својата поширока книжевна слава Хармс ја стекнува неколку
децении по смртта, дури во осумдесеттите и деведесеттите
години на минатиот век. |
|
10
горе |
|

Темплум,
2003
190 стр.
цена 200
ден
нарачај |
Едгар Алан По - МАСКАТА НА ЦРВЕНАТА СМРТ
Со својот гениј, со темпераментот, По успеа, на беспрекорен,
потресен и стравотен начин, да ги наслика и објасни
исклучоците и во моралниот поредок. По е писател на нервите,
па и повеќе од тоа - тој е најдобриот што го знам.
Кај него секое влегување во предметот привлекува како
вртлог. Веднаш на почетокот јасно е дека станува збор за
сериозни нешта. Бавно, лека-полека, се развива раскажување
кое почива врз едвај насетливи свртувања на разумот, на
смели претпоставки, на неразумното одмерување со
Природата... Читателот понесен со вртоглавица принуден е да
го следи писателот низ неговите убедливи заклучоци.
Шарл Бодлер |
|
9
горе |
|

Темплум,
2003
116 стр.
цена 160
ден
нарачај |
Роберт Луис Стивенсон - Д-Р ЏЕКИЛ И МИСТЕР ХАЈД
Фокусот врз поделената личност и потсвесните нагони на злото
кои се посилни од силата на доброто ја овозможуваат
постојаната популарност на оваа книга. Кога романот се
појавил се сметал за критика на двојниот викторијански
морал, но бил читан и како коментар на Потеклото на видовите
од Чарлс Дарвин. Д-р Џекил, преку експериментот што го
изведува, оди контра еволуцијата и ја открива примитивната
позадина на човекот. Модерните читатели можат да го читаат
романот и низ светлината на теориите на Фројд за
растргнатоста на човекот помеѓу егото и инстинктите. Но, над
интелектуалните асоцијации и тековните интерпретирачки моди,
Чудниот случај на д-р Џекил и мистер Хајд стана не само
класично дело туку и икона на популарната култура, според
која досега се снимени и дваесеттина филмови. |
|
8
горе |
|

Темплум,
2003
146 стр.
продадена |
Шундимитар
Самарџиев - ЗБОРГИЈА ВО СЕРАЈОТ
Мрачни тинејџери, училетки и уличетки комплет со Клетаучита
и Мачотилда, чудни комшии, лудаци, фрикови,
пластелино-главци, тапч-овци, хомосексуалци со снажни анални
фиксации, первертирани хетеросексуалци, кучиња и други
животни од зоолошката гадина, прифатни автобуси полни со
сопнатици и лунатици, турористи, етнички малцинства,
гетобластери, теле-визори, компјутерски игрици и разни други
нуспрдизводи... - сè е тука, комплетен спектакл-дебакл што
ветува ѓоаживот, комплетен инвентар на мизеријата во болно
луцидната главантура низ лавиринтите на едно ропштество... А
наспроти божемствата пред кои клечат поданиците на
оргијастичниот сарај Шундимитар го поставува свој (б-лажен)
култ: Зборг. |
|
7
горе |
|

Темплум,
2003
184 стр.
продадена |
Георги
Господинов - ПРИРОДЕН РОМАН
Природен роман е навистина неидентификуван литературен
објект и речиси е невозможно да биде раскажан. Истовремено
смешен и пишуван со ерудиција, невкусен и префинет, но во
секој поглед блескав и новаторски во однос на формата.
Livres-Hebdo, Paris
Господинов успева да раскаже три паралелни приказни, кои
собрани во една, можат да бидат прочитани како природна
приказна на авторот, во многу нешта укажувајќи на
комплетниот ментален склоп на Бугаринот кој стои на прагот
од едно ново општество.
Frankfurter Allgemeine Zeitung |
|
6
горе |
|

Темплум,
2003
112 стр.
цена 180
ден
нарачај |
Ален
Лајтман - АЈНШТАЈНОВИТЕ СНИШТА
Чудесниот роман на Алан Лајтман (според критичарите,
„величествен во својот стил, со ефекти налик на волшебство,
медитативен, провокативен, со моќ на онирички магнетњ), се
потпира не само врз биографските податоци за Ајнштајн, туку
пред сè врз огромното чувство и знаење на Лајтман, како за
пишувањето така и за физиката.
Лајтман со хируршки рез навлегува во метафизичкото царство
на времето создавајќи книжевна реплика на Ајнштајновиот свет
кој е поетично отворен и мистично поврзан со малите човечки
приказни. |
|
5
горе |
|

Темплум,
2003
70 стр.
продадена |
Бранко
Прља - ЗА СЕКОГО ПО НЕШТО, ЗА
НЕКОГО НИШТО
Бранко Прља е сосема специфичен глас во поновата македонска
проза. Ако речете дека неговите раскази се постмодернистички
или дека излегуваат од под големиот шинел на Данил Хармс -
нема да згрешите. Ако минимализмот, збиеноста,
едноставноста, бајковитоста и суптилниот хумор ги прогласите
за упоришни точки на неговата поетика - исто така нема да
згрешите. Но, интересно е што кај Прља - како и кај секоја
друга добра литература - значењата не се исцрпуваат
туку-така. Како што вели Давид Албахари: "Она што самата
приказна го знае, никогаш нема да се дознае". |
|
4
горе |
|

Темплум,
2003
186 стр.
цена 210
ден
нарачај |
Еден
фон Хорват - МЛАДИНА БЕЗ БОГ
Еден од галеријата мрачни ликови во овој брилијантен краток
роман вели: „Ние мораме да ја заштитиме младината од сè она
што на кој и да е начин во иднина би можело да ги намали
нејзините воени способности - а тоа значи: ние мораме
морално да ја воспитуваме за војна. Точка!њ. Иако на моменти
романот наликува на црна комедија со снажни елементи на
трилер (истрага за едно убиство), неговата длабочина
честопати е застрашувачка, особено со оглед на настаните што
допрва ќе се случуваат на историската сцена низ безумното
дивеење на фашизмот. |
|
3
горе |
|

Темплум,
2003
88 стр.
продадена |
Давид
Албахари - ЦИНК
Краткиот роман Цинк се вреднува меѓу најдобрите книги на
Албахари. Станува збор за обработка на старата книжевна тема
со митски димензии: односот татко-син. Соочувајќи се со
умирањето и смртта на својот татко, главниот лик во романот
понира длабоко во сопствениот свет, но и во светот што
тревожно го опкружува.
За мото на романот земен е познатиот стих на Џони Штулиќ:
"Светлината почнува со тивкото менување на моите побуди".
Тој стих најдобро зборува за атмосферата на романот и за
суптилната поетика на најценетиот српски стилист. |
|
2 горе |
|

Темплум,
2002
108 стр.
цена 180
ден
нарачај |
Артур
Шницлер - Новела за сонот
Белешка за авторот и новелата
"Имам
впечаток дека вие, благодарение
на интуицијата - или, подобро
речено, благодарение на
внимателното самонабљудување -
за другите луѓе го знаете сето
она што јас го открив со
долготрајни проучувања. Верувам
дека во основата вие сте еден
истражувач на психолошките
длабочини."
Сигмунд Фројд, писмо до Шницлер
(14. мај 1922)
Артур Шницлер (Arthur Schnitzler,
1862-1931) е австриски писател
роден во Виена, каде што ги
завршил студиите по медицина и
каде што имал лекарска практика.
Во неговата разгранета
писателска работа (пишувал драми,
романи, кратки раскази, критики)
константна е темата за
испреплетувањето на илузиите и
реалноста на психолошки план.
Неговата работа открива длабоко
познавање на несвесното и
подсвесното и во уметничкиот
свет тој се смета како креативен
еквивалент на Сигмунд Фројд.
Покрај едночинките и драмите
какви што се Анатол (1893), Парацелзус
(1899) или Осамениот пат(1904)
со кои стекнал голема
популарност, Шницлер во многуте
свои новели и раскази Потпоручникот
Густл (1901), Доктор Греслер,
банскиот лекар (1916), Враќањето
на Казанова (1918), Госпоѓицата
Елза(1924), Новела за сонот
(1926) како и во романот Тереза.
Хроника на животот на една жена (1928)
ги истакнал профилираните
душевни доживувања на своите
ликови. Поради нагласената
провокативност на неговите дела,
поради честопати неприкриените
еротски и психоаналитичарски
тонови, книгите и драмите на
Шницлер во триесеттите години на
дваесеттиот век биле забранети
од нацистичката партија во
Германија и Австрија, и покрај
тоа што во делата на Шницлер
постои одреден антисемитизам.
Англискиот превод на Траумновелле
гласи Rhapsody: A Dream Novel. И
навистина, многубројните
толкувачи и обожувачи на Новелата
за сонот се согласни во едно:
станува збор за своевидна психо-рапсодија
која се случува во рамките на
една халуцинантна ноќ. Дури, би
рекле, станува збор за снажна
еротична фантазија повремено
испресечена со изблици на
параноја. Префинетото опишување
на мрачните страни на еротизмот,
но и воопшто, комплексното
истражување на психолошките
длабочини на младиот брачен пар,
на книгава и` го обезбедуваат
местото меѓу класичните дела на
20-иот век.
Еден читател на Амазон вели:
"Новелата за сонот
дејствува магнетски. Шницлер
спретно се вовлекува во нашите
скриени желби, во
неконтролираните пориви,
замислувањата и посакувањата. Го
сакаме она што го немаме; но и
кога ќе го добиеме забранетото -
најчесто се наоѓаме во уште
полоша ситуација во која
разурнувачкото либидо ги
покажува своите темни страни. Ја
исчитував книгата со нервозно но
еротско задоволство,
едновремено со восхит, очај и
омраза."
Според делото Новела за сонот досега
се снимени два филма; помалку
познатиот на Волфанг Глик (1969) и
последниот филм на Стенли
Кјубрик (1928-1999) Очи ширум
затворени (Eyes Wide Shut). Еве
што вели Кјубрик за Шницлер:
"Тешко е да се најде некој
писател кој повистинито ја
разбрал човечката душа и којшто
подлабоко продрел во начините на
коишто луѓето мислат,
дејствуваат и постојат, писател
кој има еден толку широко
опфаќачки поглед - со многу
емпатија, но и со цинизам."
Н. Г. |
|
1 горе |
|

Темплум,
2005
160 стр.
цена 180
ден
нарачај |
Роберт
Валзер - Јакоб Фон Гунтен
Овој мал дневник - роман од
своето објавување па сè до
денес за најголемиот број
читатели остана најнеобичната
книга на еден необичен писател -
отуѓена и фасцинантна, длабоко-мисловна
и шарматна, мошне едноставна и
изразито уметничка. Денес, од
аголот на повторното откривање
на Роберт Валзер, може слободно
да се рече дека како писател тој
беше пред своето време. Токму
неговата фантазија, заедно со
необично изразениот уметнички
радикализам, беше тешко да се
усклади со неговото време и со
тoгашната публика. |
|
|
|
|
|
|
|
 |
|