едиција Окно
 

 
















 
  Јасна Котеска
Комунистичка интима


Кога излегов од музејот на тајната источногерманска комунистичка полиција, Штази, во Берлин врнеше. Не можев да се мрднам од место. Не од шокот што го видов, туку затоа што не видов ништо. Смртта лебди во воздухот, на секој од тие застарени телефони им се пресудувало на десетици и на стотици контрареволуционери во низи. Но денес таму мириса на Доместос и има црвени конопи зад секоја офуцана фотеља. Пред портата на дождот ми пријде еден Германец. „Нема ништо, нели?“ „Ништо“ – гледав во земја. „Чудно е тоа.“- продолжи- „Ги изгубив сите што ги имав заради оваа зграда. Откако ја претворија во музеј доаѓам секој ден. Не можам да престанам да доаѓам. Нема ништо, нели? Баш затоа доаѓам. Морам секој ден да гледам баш во тоа ништото. Ме разбираш ли?“

Делот „Интимист“ од оваа книга е преведен на англиски, германски, унгарски и на словенечки јазик (во посебна книга со истото име). Текстот доживеа критички акламации во Берлин и во Будимпешта. Ова се дел од одгласите во Македонија:

„Оној што кај нас одново ја отвори оваа опасно подзаборавена тема, и тоа на еден до потресност искрен, убедлив и продлабочен начин е Јасна Котеска... Прашањата на Котеска... се меѓу клучните прашања на нашата држава: од какви морални суровини е составен нашиот културен и политички естаблишмент? Дали некои од писателите на нашите лектири биле бедни полициски денунцијанти? ... Дали нашата неспособност да се соочиме со сопственото минато, и во позитивна и во негативна смисла, не’ прави немоќни и во однос на сегашноста и во однос на иднината?“
Н.Г.

„Мора да го изразам својот восхит од граѓанската храброст на Јасна Котеска да ја изнесе семејната интима во јавност, со цел да не се заборави кои и како и’ го уништија животот на нејзиното семејство.“
И.Б.

„Прв текст што ме натера да го разберам – тоа време.“
О.Т.

„Жива уживанција!!! Ова уживанција може да иде и без и со наводници!“
К.

„Ми течат солзи, а не знам дали плачам.“
Е.К.

„Единствена книга од областа на ’Транзициската правдина’ што сме ја добиле. Ниеден историчар кај нас не можеше да напише ваква книга за нас самите.“
К.К.
 
 
   
Антологија на раскази и есеи на писатели од Југоисточна Европа

Зошто недоверба кон соседот? Зошто тенденцијата во него да се гледа непријател наместо пријател? Зошто етничкото чистење како неостварен сон или програма?
За целите на антологијата овие прашања им беа упатени на 21 прозен автор.
Веќе со децении ми е јасно дека во овој дел од Европа ваквите прашања во голема мера се должат на недоразбирања, претерувања или предрасуди кои потекнуваат од
игнорантноста или, што е уште полошо, од рамнодушноста. Затоа некои од луѓето на кои им се обративме ова можеби го сфатиле како провокација.
Друга работа е дали има добри или дали воопшто има некакви одговори на се уште добрите прашања. Добрите автори повеќе сакаат самите да поставуваат прашања отколку да даваат одговори. Од тие причини не очекував дека оние на кои им се обратив ќе си седнат како умни ученици и ќе одговорат на моите прашања…
Сите ни одговорија на начин типичен за еден писател - раскажувајќи ни по една приказна.

Рихард Шварц, составувач
 


 
 

Љубомир Фрчкоски
Преговарање во конфликти на идентитети

Нема да се згреши ако се каже дека професорот Љубомир Д. Фрчкоски (1957) е веројатно македонскиот највлијателен интелектуалец. Ја посредуваше со свое учество целината на македонската независност. Го напиша првиот македонски устав од 1991 година и учествуваше во изработката на Охридскиот договор 2001 година, акти кои ја обусловија македонската институционална политика.
Во целиот овој период, независно дали беше дел од власта (1991-2007) или пишуваше колумни и јавно настапуваше во медиумите, имаше силно, понекогаш клучно влијание и ја обликуваше сферата на јавното мислење и политичките борби во државава.
Пред нас е еден од неговите научни продукти.
Преговарањето во конфликт на идентитети е тема на неговите постдипломски предавања во Италија, Универзитетот во Трст, но и некаква квинтесенца на неговиот ангажман и искуство во Македонија и нејзината меѓународна борба за видливост.
Возбудливо и исклучително концентрирано научно четиво, со суштински дефиниции и постмодерен контекст на одвивање на политиката на разрешување на конфликти во ситуација на културни, идентитетски разлики на акте-рите. Конфликтите се контекстуали-зирани во поширокиот дискурс на либерална правда од пост-ролсов вид, засновување нов консензус на длабоките културни разлики во демократските општества или оние кои се трудат тоа да станат.