|
Харолд Пинтер
ИСПОВЕД НА
ЕДЕН ТЕРОРИСТ
Америка
влезе во една од своите фази на
историско безумие, но оваа фаза,
колку што јас се сеќавам, е една
од најлошите: полоша е од
макартизмот, полоша од
инвазијата во Заливот на свињите,
а на подолги патеки потенцијално
е поразорна и од Виетнамската
војна.
Реакциите
од 11 септември го надминаа сето
она што Осама бин Ладен се
надевал дека ќе го отсонува во
своите најбезочни соништа. Исто
како и во времето на Макарти,
правата и слободите во Америка
систематски се фрлаат под нозе.
Во Америка повторно се
спроведува забрзан прогон на
оние што тука живеат, но коишто
немаат американско државјанство.
Населението од машки пол без “постојана
дозвола за престој”. кое доаѓа
од Северна Кореја или од
Блискиот Исток исчезнува после
тајните обвиненија, врз основа
на тајни пресуди, во прикриени
интернации. Палестинците со
престој во САД кои порано се
сметаа за апатриди и кои заради
тоа не можеа да бидат протерани,
сега му се испорачуваат на
Израел како “новонаселени” во
појасот Газа и во западните
делови на Јордан - во места на кои
нивната нога веројатно никогаш
претходно не стапнала.
Ниедна
американска влада не играла со
толку затворени карти. Она за што
разузнавачките служби немаат
поим, тоа станува општонародна
најстрого чувана тајна. Да се
потсетиме дека тоа се оние исти
служби кои во историјата на
разузнавачките служби ни го
донесоа најголемото промашување:
11 септември.
Војната
што ни се заканува беше
подготвувана долго пред Бин
Ладен, но токму тој направи таа
да стане возможна. Да не беше тој,
Бушовата хунта се уште би се
занимавала со изјави за тешки
теми, на пример, како воопшто
можеше да дојде до изборна
победа; или за пропаѓањето на
фирмата Енрон; за бесрамното
поддржување на луѓе кои и натаму,
без остаток, се богати до бесвест;
за безобѕирното запоставување
на светската сиромаштија,
животната средина или
безбројните меѓународни
договори кои еднострано се
ставени вон сила. Би морала
евентуално да ни објасни и зошто
го поддржува Израел во неговото
постојано непочитување на
резолуциите на ОН. Осама
практично сето ова го турна под
тепих. “Бушовците” имаат успех:
мнозинството Американци сакаат
војна, така ни велат. Буџетот за
одбрана на земјата е зголемен за
нови 50 милијарди долари, на
вкупно 360 милијарди. Во
подготовка е една сјајна нова
генерација американско
нуклеарно оружје, скроена за
адекватен одговор на
нуклеарното, хемиското и
биолошкото оружје во рацете на “земјите-отпадници”.
Значи можеме сите да здивнеме.
И не
само што Америка одлучува
еднострано кој смее или не смее
да поседува такво оружје; таа го
задржува и другото еднострано
право своето нуклеарно оружје
без размислување да го користи
секогаш кога нејзините интереси
или интересите на нејзините
пријатели и сојузници се сметаат
за загрозени. Кои ќе бидат тие
пријатели и сојузници во
годините што доаѓаат тоа е - како
и секогаш во политиката - доста
нејасно. Можат да се најдат фини
пријатели и сојузници, па затоа
ги наоружуваме до заби. Кога еден
ден тие веќе нема да бидат ниту
пријатели ниту сојузници тогаш
ќе ги разнесеме со нуклеарно
оружје.
На
оваа точка на расправата треба
дополнително да се размисли
колку е часот и колку паралелно
“воениот кабинет” на САД ја
разгледуваше можноста по повод 11
септември да го нападне
Авганистан со нуклеарно оружје.
За наша среќа, но посебно за
среќа на Авганистанците, чие
учество во настаните од 11
септември е многу помало од
пакистанското, кабинетот одлучи
да се потпомогне со 26000 “конвенционални”
бомби кои, по сè што се слуша,
имаат разорна моќ колку и едно
помало нуклеарно полнење. Така
што, може да очекуваме дека
следниот пат тоа и навистина
може да се случи.
Многу
помалку е јасно која е војната
што мнозинството Американци ја
поддржуваат. Колку ќе трае
војната, молам? Колку Американци
тоа ќе го платат со своите животи?
Кои трошоци ќе се направат за
американските даночни обврзници?
И, бидејќи повеќето Американци
се пристојни, хумани луѓе, колку
Ирачани ќе го платат тоа со
своите животи? Веројатно тоа во
моментот е државна тајна, но “Пустинската
луња” го чинеше Ирак најмалку
дупло повеќе животи отколку што
Америка вкупно загуби во
виетнамската војна.
Начинот
на кој Буш и неговата хунта
успеаја загриженоста на
Американците да ја свртат од
Осама бин Ладен кон Садам Хусеин,
е еден од најсјајните уметнички
зафати на историјата што почива
на чудесното дејство на Службата
за односи со јавноста. Но ја
донесоа водата во нивната нива.
Според едно неодамна спроведено
истражување на јавното мислење,
сега секој друг Американец
верува дека Садам е виновен за
нападот врз Светскиот трговски
центар. Но американската јавност
не е само измамена. Нејзе & се
закануваат, ја тероризираат, таа
е застрашена и оптоварена со
една постојана состојба на
непознавање и уплашеност, со што
се зголемува нејзината
зависност од политичкото
раководство. Буш и неговите
завереници би можеле, со малку
среќа, таа грижливо инсценирана
нервоза најпосле да ја пронесат
до нова изборна победа.
Оние
што не се за г. Буш, тие се против
него, и уште повеќе, тие се -
погледај го неговиот говор од 3
јануари 2003 пред војниците во
Тексас - за непријателот. Ова е
нешто уникатно, затоа што јас сум
тотално против Буш, но ништо не
би ми било помило од падот на
Садам - само не под условите на
Буш и не на негов начин. И не под
знамето на тој одвратен карневал.
Американскиот
колонијализам од стар ков ги
шири своите железни крилја преку
сите нас. Дури и многу повеќе
отколку што беше во зенитот на
студената војна, едно молчаливо
мнозинство на Американците тоне
во широката заедница на
неупатените.
Верската
побожност, со која американските
војници ќе бидат испратени во
битка, можеби е еден од
најодбивните аспекти на оваа
заканувачка надреална војна. Буш
го стави Бога на маки. А Бог има
свои конкретни политички
погледи.
Бог
одреди Америка да го спасува
светот на секаков начин, оној кој
нејзе & годи. Бог одреди Израел
да биде алката што ја поврзува
американската политика на
Блискиот исток со неговата, и
секој кој се судрува со таквата
претстава е а) антисемит, б)
антиамериканец, в) непријател, г)
терорист.
Бог
негува и некои застрашувачки
врски. Во Америка, каде што сите
луѓе се еднакви, ако не едни пред
други тогаш барем пред бога, во
семејството Буш се: еден екс
гувернер од Тексас, денес
претседател; гувернерот на
Флорида; како, впрочем, и еден екс
претседател и еден екс директор
на ЦИА. Последниот Буш сениор,
може за себе да наброи и некои
корисни војни, како и заслужено
добриот глас што во својот
американски гнев ги посетил
некои непослушни вазалски
држави. Една ограничена војна,
што тој грижливо ја инсценираше,
беше насочена кон неговиот
некогашен компањон од ЦИА,
Мануел Нориега од Панама, кој во
времето на студената војна му
направи убави услуги, но кога
војната помина, величината му
удри во глава. Ретко кога силата
се покажуваше отворено како
тогаш и Американците тоа го
знаат. Во 1993 година, кога екс
претседателот Буш онака царски
демократски го посети Кувајт за
да ја прими на лице место
благодарноста за ослободувањето,
некој се обиде да го убие Буш. ЦИА
смета дека тој “некој” беше
Садам Хусеин. Затоа Бил јуниор
завива: “Тој човек се обиде да го
убие мојот татенце.” Но и покрај
сè, оваа војна не смее да се
третира како лична. Таа сè
уште е неопходна. таа сè уште
е божје дело. Се уште се зборува
за тоа на напатениот, сирот
ирачки народ да му се донесе
слобода и демократија.
За да
биде некој прифатен како член на
Бушовиот тим, мора, како што се
чини, да верува во апсолутно
Добро и апсолутно Зло, и да
верува дека Буш, кого интензивно
го подржуваат пријателите,
роднините, и Бог, е тука за да има
кој да ни каже што е добро, а што е
зло. Според моето видување, јас
мора да сум зол, штом ова го
пишувам, но тоа сепак треба
дополнително да се провери.
Она
што Буш сè уште не ни го
кажува, тоа е вистината за
причините поради кои ќе бидеме
вовлечени во војна. Како тема за
дебата не постојат никакви Оски
на Злото, за расправа овде се
нафтата, парите и човечките
животи. Несреќата на Садам е во
тоа што седи на нафтоносно поле,
кое по својата големина е второ
во светот. Иран, кој е веднаш тука,
го поседува најголемото
складиште на земјен гас на
светот. Буш го сака и едното и
другото, а оној што ќе му помогне
ќе добие парче од колачот. А оној
што нема да му помогне нема да
добие ништо.
Кога
Садам не би имал никаква нафта,
би можел своите Ирачани да ги
мачи и да ги убива колку му душа
сака. Некои други водачи тоа го
прават по светот секојдневно, но
тие ни се пријатели или
сојузници. Навистина Багдад не
претставува некаква особена
закана за своите соседи, а сосема
никаква за САД или за Велка
Британија. Садамовото оружје за
масовно уништување, ако сè
уште го има, е вистинска
зафрканција во однос на она што
можат Израел и Америка да му го
бапнат во рок од пет минути. Тема
за расправа не е претстојната
војна или терористичката закана,
туку императивот на
американскиот економски раст.
За
расправа е американската
потреба на сите нам да ни ја
демонстрира својата воена сила:
на Европа и на Русија, на Кина и
на сиромашната, избезумена, мала
Северна Кореја, исто како и на
Блискиот Исток, треба да се
покаже кому му е Америка
господар во земјата, и над кого
Америка ќе господари во
странство.
Доколку
улогата на Тони Блер во сево ова
се толкува крајно благонаклоно,
би можело да се помисли дека тој
веруваше дека може “да го јава
тигарот”. Но тој не може. Наместо
тоа, му набави лажен пасош и го
научи умилно да рика. Но јас сега
се плашам дека токму тој тигар го
натера во ќош и дека Блер сега
веќе не може да се извлече. Не
може да се избегне ниту
одредената иронија дека и самиот
Џорџ Буш се чувстува малку
слично.
Мирисот
на правдата што религијата го
зема во свои раце и кој лебди над
Америка потсеќа на
најнеобичните израстоци на
британското друштво на светски
инвалиди. Мантилот на лордот
Карзон за вашингтонскиот
помоден конзервативен печат и
понатаму е поголем за еден број.
Сè уште ги симнувам
рамениците кога ќе слушнам дека
мојот претседател на владата ги
презема вазелинските омекнувачи
на своите врховни наредбодавачи
за оваа очигледно колонијална
авантура.
Ние
Британците сме во оваа војна,
како што му доаѓа, еден вид на
смоквин лист, за да ги осигураме
нашите “специјални врски”,
нашите посебни односи со Америка,
за да си го земеме својот дел од
нафтеното казанче, и затоа што
Блер, по сите оние јавни држења
за раце во Вашингтон и Кемп
Дејвид, мора, конечно, да застане
пред олтарот.
“Но
дали ќе победиме тато?”
“Секако,
дете. Сето тоа ќе биде готово
уште пред да станеш од постела.”
“Зошто?”
“Затоа
што во спротивно гласачите на г.
Буш ќе станат страшно нестрпливи
и што можеби ќе заклучат дека, на
крајот на краиштата, не треба
повторно да го изберат.”
“Но
дали луѓето ќе страдаат, тато?”
“Никој
што ти го познаваш нема да страда,
душо. Само странци ќе страдаат.”
“Ќе
може ли тоа да го гледам на
телевизија?”
“Само
ако дозволи г. Буш.”
“А
после сè дали сè ќе си биде
пак нормално? Веќе никој нема да
прави ништо страшно?”
“Смири
се дете! И оди на спиење!”
Минатиот
петок една моја американска
пријателка отишла во
супермаркет со налепница на
својот автомобил на која
пишувало: “И слободата е
патриотизам.” Кога заврши со
купувањето, налепницата веќе ја
немало на колата. ³
|