|
З н а е т е л и...
дека
граѓаните во Република
Македонија во огромен процент се
спротиставуваат на војната
против Ирак
дека 70 % од Американците
се залагаат за продолжување на
работата на инспекторите
дека
84 % од Британаците се противат на
воена интервенција која нема да
биде поддржана со резолуција на
ОН
дека
57 % од Данците се против војна во
која било варијанта
дека
Франција, Германија и Русија,
членки на Советот за безбедност,
се против едностраната воена
интервенција и за мирно решавање
на кризата
дека
Кина, постојаната членка на
Советот за безбедност на ОН, е
против војната
дека
Чиле, член на Советот за
безбедност на ОН, е против
воената интервенција во кој било
случај
дека
речиси сите верски водачи во
светот се против војната; папата
Иван Павле II, на пример, е против
војната и предупреди дека
превентивната војна не е
праведна војна
дека
во Вашингтон се одржан мировен
протест за кој полицијата призна
дека е најголем од Виетнамската
војна
дека во Заливот веќе има доволно
војници за да го нападнат Багдад
дека
командантот на Израелските
воени сили Moshe Yaalon изјави дека
американскиот напад на Ирак ќе
предизвика вистински земјотрес
на Средниот исток, без оглед на
исходот на војната
дека
САД во Италија испратија 100.000
вреќи за мртви и 6.000 ковчези -
доволно да се покопа цело
Куманово
дека
според последниот извештај на
инспекторите за Советот за
безбедност на ОН потребно е да се
продолжи истрагата
дека
постои опасност, во случај на
воене интервенција, Садам Хусеин
оружјето за масовно уништување
да го уништи врз жителите на Ирак,
Турција, Израел, Саудиска
Арабија, Кувајт, Катара
дека
се проценува дека Ирак располага
со вторите најголеми резерви
нафта во светот
дека
семејството Буш веќе со децении
многу повеќе пари заработува од
нафтата отколку од политиката
дека
не се фатени Осама бин Ладен и
талибанскиот мула Мухамед Омар,
кои беа прогласени како
одговорни за нападите од 11
септември; ниту некој знае кој ги
бара
дека
практично сите аналитичари
проценуваат дека во случај на
војна ќе дојде до верижна
реакције - тероризам, бегалска
криза, радикализација на Курдите
во Турција, Ирак и Иран, јакнење
на исламскиот фундаментализам и
антиамериканизам
дека
не се протестира против
Американците и САД, туку против
политиката на претседателот на
САД.
|