20vek.GIF (1128 bytes)

С О Д Р Ж И Н А

Никола Гелевски, Сила бога не моли?!
Никола Гелевски, Лебот, воздухот,
бодликавата жица и бомбите
Харолд Пинтер, Исповед на еден терорист
Џереми Скејхил, Садам и САД против Ирачаните
Едвард Саид, Судир на незнаењата
Клаус Кинцлер, За верскиот фундаментализам
Знаете ли...
Хана Арент, За моќта и насилството

 

ДОСТА ВОЈНИ!

С О Д Р Ж И Н А

Никола Гелевски, Сила бога не моли?!
Никола Гелевски, Лебот, воздухот,
бодликавата жица и бомбите

Харолд Пинтер, Исповед на еден терорист
Џереми Скејхил, Садам и САД против Ирачаните
Едвард Саид, Судир на незнаењата
Клаус Кинцлер, За верскиот фундаментализам
Знаете ли...
Хана Арент, За моќта и насилството

Што нам ни значи Ирак?

Нашите политичари, и од власта но и од опозицијата, главно молчат за настаните што последниве месеци прилично го вознемируваат светот. Медиумите исто така делуваат сосема збунето; од ден на ден ги менуваат своите ставови и главно се обидуваат да одржуваат некаква квази-објективна позиција. За разлика од нив, граѓаните на Република Македонија, според некои главно странски анкети, речиси едногласно се против војната во Ирак. Сега својот глас против војната го приложуваат и одредени невладини организации. Со тоа нашата земја покажува дека, и покрај сета затвореност и страв коишто владеат со нас последниве години, ние сепак сме дел од глобалното семејство и грижите на светот и тоа како нè допираат.
Излегувајќи на протестите против војната, на 15 февруари 2003 година во Скопје, протести кои едновремено се одржуваат во стотици градови на планетата, ние покажуваме дека барем еден дел од Македонија е дел од глобалниот свет. И тоа оној дел кој бара престанување на војните, престанување на теророт, на тероризмот и на кршењето на човечките права. Дел сме од онаа глобална сила која верува и која се труди да покаже дека поинаков свет е можен.
Ве повикуваме да ни се придружите во отпорот, ве повикуваме да му се придружите на глобалното антивоено движење кое се противи на лицемерната политика на двојните стандарди и кое се залага за поправеден и посолидарен свет.

 
З н а е т е   л и...

дека граѓаните во Република Македонија во огромен процент се спротиставуваат на војната против Ирак
дека 70 % од Американците се залагаат за продолжување на работата на инспекторите
дека 84 % од Британаците се противат на воена интервенција која нема да биде поддржана со резолуција на ОН
дека 57 % од Данците се против војна во која било варијанта
дека Франција, Германија и Русија, членки на Советот за безбедност, се против едностраната воена интервенција и за мирно решавање на кризата
дека Кина, постојаната членка на Советот за безбедност на ОН, е против војната
дека Чиле, член на Советот за безбедност на ОН, е против воената интервенција во кој било случај
дека речиси сите верски водачи во светот се против војната; папата Иван Павле II, на пример, е против војната и предупреди дека превентивната војна не е праведна војна
дека во Вашингтон се одржан мировен протест за кој полицијата призна дека е најголем од Виетнамската војна
дека во Заливот веќе има доволно војници за да го нападнат Багдад
дека командантот на Израелските воени сили Moshe Yaalon изјави дека американскиот напад на Ирак ќе предизвика вистински земјотрес на Средниот исток, без оглед на исходот на војната
дека САД во Италија испратија 100.000 вреќи за мртви и 6.000 ковчези - доволно да се покопа цело Куманово
дека според последниот извештај на инспекторите за Советот за безбедност на ОН потребно е да се продолжи истрагата
дека постои опасност, во случај на воене интервенција, Садам Хусеин оружјето за масовно уништување да го уништи врз жителите на Ирак, Турција, Израел, Саудиска Арабија, Кувајт, Катара
дека се проценува дека Ирак располага со вторите најголеми резерви нафта во светот
дека семејството Буш веќе со децении многу повеќе пари заработува од нафтата отколку од политиката
дека не се фатени Осама бин Ладен и талибанскиот мула Мухамед Омар, кои беа прогласени како одговорни за нападите од 11 септември; ниту некој знае кој ги бара
дека практично сите аналитичари проценуваат дека во случај на војна ќе дојде до верижна реакције - тероризам, бегалска криза, радикализација на Курдите во Турција, Ирак и Иран, јакнење на исламскиот фундаментализам и антиамериканизам
дека не се протестира против Американците и САД, туку против политиката на претседателот на САД.

home