Точка
Илинденска бр. 38
Тел: 02 / 32 15 494



картички

 

 Јавен културен центар

Точка е простор замислен мултифункционално и во физичка и во содржинска смисла. Во него постои книжарско-библиотечен оддел со клуб на читатели, се презентираат дела на наши и, пред сè, на уметници и на движења од регионот, се одржуваат дебати, разговори, проекции, а воедно е и уточиште за редакцијата на списанието Маргина. Всушност, формирањето на овој културен центар беше обид за градење на средишна точка, културно и општествено урбано јадро во главниот град каде што маргиналната и онаа маин стреам продукција ќе се судираат, преплетуваат, и меѓусебно ќе се конфронтираат или согласуваат. Точка би требало да прерасне во огледална слика од која ќе се одбива културниот аутизам на привилегираните “национални” центри.


                     

Една од главните активности на Точка се тематски осмислените разговори, дебати, предавања кои се одвиваат со одредена месечна динамика. Сето тоа  зема ракурс на своевидна алтернативна школа за демократија, вид форум за дискусии, со можат да се истражуваат и промислуваат нови модели за дефинирање и преплетување на релациите помеѓу културата, политиката и теоријата во едно пошироко општествено поле. Крајната цел е поттикнување и развој на здраво критичко размислување кое ќе стои наспроти хегемонистичката интелектуална практика.

                

Точка го следи концептот кој поддржува дискусии проследени со тематски мали изложби, презентации, проекции. Во фокус се хибридните сфери и резултатите од директното соочување помеѓу, на пример, уметноста и теоријата, уметноста и медиумите и нивното учество во идеолошкото и политичкото конструирање на општеството.

Точка  е простор кој
претставува уточиште каде што се слеваат иницијативите на млади писатели, уметници, теоретичари кои, деновиве, тешко го наоѓаат своето место за промоција, афирмација и конфронтација со општеството.

 
home