хронологија

 на издавачката куќа Темплум
 
 


1990
 


Темплум
, како некаква мала самиздатска работилница, или како една радикално алтернативна институција во однос на постоечкиот систем на културни институции во Македонија, на неформален начин постои од 1990-та година.
 

 

1993
 
Од 1993-та, во формалните рамки на студиото за графички дизајн "Кома", почнавме и званично да излегуваме на пазарот и во јавноста.
 
 




1993-1995
 
Од 1993-та до 1995-та година, во неколку едиции (Постмодерна, Локална сцена, Жанрови...) објавивме педесетина џепни книги, главно до 100 страници, и во тиражи од околу 300 примероци по наслов. Меѓу другото, прв пат на македонски беа претставени Данил Хармс, Хулио Кортасар, Владимир Набоков, Томас Пинчон, Дашиел Хемет, Емброуз Бирс, Франц Кафка, Вилхелм Буш, Жан Бодријар, Франсоа Лиотар... Во тој период објавивме и околу петнаесетина дебитантски книги на млади македонски автори.
 
 


1994
 
Во почетокот на 1994-та го придвиживме списанието за ширење на децентралистичка култура, "Маргина", коешто во следните години ќе стане стожер (центар!) на целиот наш ангажман.
 
 

1995-2001
 
Во јануари 1995-та стартуваше и списанието за алтернативен и уметнички стрип, Лифт. До 2001 година се излезени 12 броја од Лифт.
 
 


1996-1999
 
Од 1996-та до 1999-та го намаливме бројот на издадени книги (околу десет наслови во тој период), затоа што сметавме дека креативната сила и мошне скромните финансиски потенцијали треба да ги насочиме кон нашите списанија, пред сè кон Маргина.
 
 



1999-2007
 
Кон крајот на 1999-та година излезе првата книга од амбициозно замислената теориска библиотека, 20/21 Век; Во оваа едиција досега се објавени 29 наслови. Во прозната едиција Магма досега се објавени 62 книги.
До сега, ако ги исклучиме оние самиздатски обиди од почетокот на деведесеттите, под знакот Темплум се издадени околу 250 наслови.
 


Kонтакт телефони: 02 / 3225 825
Адреса: Климент Охридски 15, Скопје
1000 Скопје
e-mail: templum@mt.net.mk
 

home